После првичните гласини и калкулации се поизвесна е иднината на Данило Петручи која би продолжила во WorldSBK шампионатот.

Актуелниот возач на KTM Tech3 во MotoGP шампионатот, Данило Петручи по се изгледа заминува во другиот шампионат организиран од Дорна. Оваа опција особено станува реална откако KTM се поизвесно тежнее кон замена на Петручи со Раул Фернандез за новата сезона во 2022 година.   

danilo petrucci 9 tech3 ktm factory racing motogp team presentation 1

Петручи оваа сезона се мачи да држи чекор со колегите на преостанатите KTM машини, со најдобар успех на ЛеМан каде заврши на петтата позиција. 

Првите гласини кои излегоа на почетокот на овој месец ја отвараат опцијата Петручи да се приклучи на тимот на Ducati во WSBK каде покрај него треба да се најде и Чез Дејвис. 

Гуидоти, шефот на Петручи од неговите денови во Pramac Ducati веднаш по овие први гласини изјави дека тој смета дека Петручи треба да остане уште некоја сезона во MotoGP, но доколку сега се префрли во WSBK тој од сам старт ќе биде компетитивен и во самиот врв. 

Вториот дел од MotoGP сезоната продолжува викендот од 6-8 август во Австрија. Останува да видиме дали можеби во вториот дел Петручи ќе има подобри резултати и ќе успее да се избори за подобра позиција во преговорите за останување во MotoGP. 

Back To Top