Хорхе Лоренцо верува дека може да се бори за победа

Хорхе Лоренцо не ја отфрла можноста да ја оствари својата прва Италијанска Гран При победа како возач за тимот на Ducati. Сепак признава дека тоа може да биде тешка задача со оглед на променливата форма во досегашниот дел од сезоната. Шпанецот во изминативе неколку години постојано имаше добри резултати на оваа патека, а и самиот тим во изминативе две години се најде на подиумот. Како дополнување на ова вреди да се знае и дека само Марк Маркез имаше подобро време од Лоренцо на неодамнешниот приватен тест.

IMGP7273

На прашањето дали патеката може да ја претставува неговата најдобра шанса за освојување на 25-те поени, Лоренцо изјави: „Се може да се случи. Секогаш мора да настапуваш со победнички менталитет. Ќе биде тешко но победата е возможна.“

Неодамнешниот приватен тест во Монтмело им овозможи на Лоренцо и на неговиот тимски колега Андреа Довициозо да испробаат некои нови делови. Не беше во можност да открие повеќе информации но сепак призна дека употребил некои нови компоненти кои ќе бидат додадени на шасијата.

„Пробавме нешто такво во Монтмело и не почуствував голема разлика. Во моментов ќе ги задржам стандардните делови.“

Во однос на притисокот кој ќе го има како возач на Ducati кој ќе настапи пред Италијанска публика, Лоренцо изјави: „Очигледно дека во недела ќе бидете нервозен. Тоа не можеш да го одбегнеш дури и ако имаш долгогодишно искуство во MotoGP. Но нема да чувствувам дополнителен притисок. Тоа може да биде и од корист, да те направи повнимателен. Мораш да го контролираш притисокот но мислам дека се ќе биде во ред. Верувам во себе.“

Back To Top