Тимовите продолжуваат со преставување на новите мотоцикли.

Боите на КТМ остануваат речиси непроменти во споредба со минатата сезона. Но има мали промени кај Tech3 KTM RC16.

Само за потсетување, во сезоната 2021 за фабричкиот тим на КТМ ќе возат Бред Биндер и Мигел Оливеира, кој минатата сезона настапуваше за сателитската екипа.

Во меѓувреме, во Tech3 премина Данило Петручи кој го напушти Ducati а Икер Лекуона ќе се обиде да има подобар настап во споредба со минатата сезона.

KTM MotoGP 8

„Целата MotoGP авантура досега беше неверојатна. Од мал проект стигнавме до Гран При победа и затоа е неверојатно кога ќе погледнеме наназад и ќе видиме до каде сме стигнати“, вели Пит Бериер, директор на KTM Motorsport.

„Сепак, се уште е рано да кажам дека можеме да стигнеме до титулата. Мислам дека тој притисок се уште треба да биде врз другите возачи. Но во секој случај, ние сме среќни со победите кои ги постигнавме.“

„Имаме одличен тим и сите работат напорно. Целата компанија е заедно и тоа ни носи дополнителна енергија.“

„Сите четири возачи имаат неверојатен талент, бидејќи ако го немаа, тогаш немаше да бидат дел од оваа класа. Но тие се и различни и секој има сопствена цел.“

„Веќе ја постигнавме првата победа но тоа беше минатата година а сега почнуваме од нула. Ќе бидам среќен доколку нашите возачи не претрпат некоја сериозна повреда во новата сезона а се надевам и дека ќе имаме неколку успешни трки. Тоа е нашата цел.“

Back To Top