Кал Крачлоу ќе го замени возачот на Petronas Yamaha SRT, Франко Морбидели на двете трки во Австрија и следната во Велика Британија.

cal crutchlow.big

Морбидели продолжува да се опоравува по операцијата на своето лево колено. Крачлоу ќе вози на двете трки во Австрија и на домашното Гран При во Силверстоун. На Крачлоу не му се непознати моторите на Јамаха, тој својата кариера во премиерната класа ја започна токму на Јамаха во 2011 година а сега е тест и развоен возач исто така за јапонскиот производител. 

„По разгледување на опциите заедно со Јамаха заеднички одлучивме да го повикаме Кал да го замени Франко додека тој не се врати во форма. Како независен тим со овој потег можеме навистина да им помогнеме на Јамаха. На Кал овие трки ќе му помогнат да стекне уште повеќе ускуство со нашиот M1 за да може да продолжиу со развојот и тестирањето”. - изјави Разлан Разали тимскиот директор на Petronas Yamaha Sepang Racing

„Одлично е да се биде назад на Јамаха како тест возач цела оваа сезона. И сега кога добивам шанса да бидам дел од трка навистина е одлично за сите вклучени страни. Очигледно е дека не се условите најдобри и му посакувам на Франко брзо закрепнување. Тешко ми е да поставам цели за трите трки кои ќе ги возам, пред се важно е да го возам моторот затоа што периодов и немав многу можности за тоа. Задоволство ќе ми биде да се вратам во тимот особено зошто таму имам стари пријатели и познаници.” - изјави самиот Кал Крачлоу во својата официјална најава. 

 
Back To Top