Пол Еспаргаро замина за Катар каде ќе се оддржи првата трка од сезоната. „Многумина сонуваат да возат за Repsol Honda и не можам да дочекам да почне трката“, вели Еспаргаро.

Осум месеци откако беше објавено дека и се приклучува на Repsol Honda, Пол Еспаргаро конечно ќе го има официјалното деби за тимот на првата трка од сезоната која се вози во Катар.

Во изминатиов период се појавија многу шпекулации за тоа како поранешниот возач на Tech3 Yamaha и factory KTM ќе се прилагоди на RCV, особено ако се знае за проблемите со кои се соочи Хорхе Лоренцо во 2019 година како и неуспешната минатогодишна сезона, кога на тимот му недостасуваше Марк Маркез.

Но и покрај тоа што еднаш падна, пет дневниот тест во Лосаил се покажа како позитивен за Еспаргаро, кој постепено стануваше се подобар со мотоциклот.

Шпанецот на крајот беше најдобар возач на Honda и заврши на десетотото место според резултатот од еден извозен круг. Но во однос на просечното темпо, Еспаргаро изгледаше како еден од најдобрите шест возачи.

marquez absen txt

„Конечно пристигна првата трка. Навистина сум среќен што ќе возам со Honda. Имавме добар тест и со нетрпение чакам да почне тркачкиот викенд“, вели Еспаргаро.

„Ова ќе биде интензивен викенд и се уште има некои работи кои треба да ми станат појасни. Но, во секој случај сум возбуден што ќе почне сезоната.“

„Многумина сонуваат да возат за Repsol Honda.“

„Не сакам да си поставам никакви цели и само можам да ветам дека ќе дадам се од себе. Ајде да направиме големо шоу за сите фанови кои од дома ќе ја следат трката.“

Претходниот најдобар пласман на Еспаргаро на патеката во Катар е седмото место кое го освои во 2016-та година кога настапуваше за Tech3 Yamaha.

Поранешниот шампион и возач на Repsol Honda, Марк Маркез, мора да ги пропушти првите две трки од сезоната, со цел подобро да заздрави повредата на раката. Негова замена на патеката ќе биде тест возачот Стефан Бредл.

Германецот, кој беше замена за Маркез во поголемиот дел од минатата сезона како и за време на пред-сезонските тестови во Катар, ќе настапи на пустинската патека за прв пат по 2016 година кога возеше за Aprilia.

„Пред се сакам да им се заблагодарам на сите во HRC и да му посакам на Марк брзо опоравување. Имавме добар тест и добро возевме“, вели Бредл.

„Се надевам дека ќе имаме уште еден добар викенд. Долго време помина откако за последен пат се тркав тука. Двата теста ми помогнаа подобро да ја запознаам патеката. “

Бредл, кој извозе најмногу круга од сите возачи во 2021-ва година, заврши на тринаесетото место на последниот и финален тест.

Back To Top