„Тоа ќе биде многу емоционален момент. Девет години поминав во овој тим и постигнавме многу работи заедно“ – Хорхе Лоренцо

После 9 години, 106 места на подиумот, 43 победи, 38 пол позиции и 3 титули Светски шампион, Хорхе Лоренцо ќе го има својот последен настап за тимот на Yamaha за време на трката во Валенсија.

Шпанскиот возач ќе премине во тимот на Ducati од следната сезона. Но, се надева дека претходно ќе успее да постигне уште една победа со Yamaha и да ја прекине серијата од 10 трки без победа на јапонскиот тим.

lorenzo valencia 2016

 „Тоа ќе биде многу емоционален момент. Девет години поминав во овој тим и постигнавме многу работи заедно“, изјави Лоренцо.

„Затоа работам напорно за да завршиме со победа. Секако дека тоа нема да биде лесно, конкуренцијата е силна, но сепак ќе се обидеме.“

За време на трката која се возеше во Валенсија минатата година, Лоренцо беше лидер на трката од почеток до крај.

Оваа сезона, Шпанецот ќе заврши на третото место во шампионатот .

Од следната сезона, Маверик Вињалес ќе го заземе местото на Лоренцо и заедно со Валентино Роси ќе бидат возачи на Yamaha.

„Следната сезона ќе започне со тестот кој ќе се оддржи веднаш по трката во Валенсија. Ќе биде интересно да се види Лоренцо на мотоциклот на Ducati  и Јанон во тимот на Suzuki, “ изјави Роси.

„Тестот е важен и за нас бидејќи се надеваме дека новиот мотоцикл ќе биде подготвен за следната сезона. Ќе имаме тест и на патеката во Сепанг бидејќи е важно да видиме дали мотоциклот се развива во вистинскиот правец.“

Back To Top