Приватниот тим на починатиот Fausto Gresini ја раскина врската со фабричкиот тим на Aprilia и ги замени мотори со уште еден италијански мотор – Ducati!

Gresini MotoGp 2022jpg 

Ожалостената вдовица Nadia Padovani, едвај собра храброст при презентацијата на тимот за оваа сезона и не треба да си голем аналитичар за да сфатиш дека поминала низ пеколот и назад кога по починувањето на големиот двократен светски шампион и сопственик на тимот Fausto, мораше да го ја преживее сопствената болка и да го одржи тимот во живот. 

Веројатно многумина би се повлекле во таква ситуација, што не е воопшто необично, но едноставно таков е светот на MotoGP. Ако се потсетиме на трагедијата на Marco Simoncelli чиј татко Paolo собра храброст да продолжи понатаму, па дури и да оформи сопствен тим со кој ќе ја продолжо страста и радоста на тркањето во честа на неговиот син, тогаш јасно е дека мото светот е посебена средина. 

Да се вратиме на промоцијата на новиот тим Gresini Ducati кој ќе биде опремен со 2 идентични мотори Desmosedici GP21 со кој ќе се натпреваруваат одличниот Enea Bastianini и почетникот Fabio Di Giannantonio. Иако не е најновата генерација на Desmo GP22 сепак се работи за моторот кој минатата година освои најмногу победи и делуваше како најбрз мотор. 

После првата година на прибирање искуство, Enea нема да изненади ако го гледаме уште почесто на подиумот, додека пак Di Gia го има комфорот на учење без многу очекувања.

На промоцијата се појави и неизбежниот Gigi Dall'Igna за да ја зајакне поддршката на тимот на кој ќе му биде потреба поддршка од целата MotoGP фамилија.

Со ова и официјално е отворена сезоната на промоции на тимовите за сезоната 2022! 

Back To Top