Одлуката на Андреа Довициозо да го тестира МотоГП мотоциклот на Aprilia изненади многумина.

Италијанецот претходно ја одби понудата на тимот од Ноале да биде нивни возач во сезоната 2021, и покрај тоа што Aprilia настојуваше тој да ги прифати нивните услови. Одлуката на Aprilia да му понуди да биде тест возач не е изненадување, но интереснo е тоа што Довициозо ја прифати нивната понуда.

Во соопштението на компанијата е наведено дека ова не е аудиција за местото на постојан возач во тимот.

„Ова нема да биде проба туку можност да извозиме неколку круга заедно“, вели првиот човек на тимот, Масимо Ривола. Но фактот дека Довициозо ја прифатил понудата на тимот ни сугерира дека работите би можеле да се променат.

Причините за тоа се очигледни. Кога Довициозо објави дека ќе направи пауза од трките, тој потенцираше дека се уште сака да се трка но дека ќе ја прифати онаа понуда која ќе му овозможи да се бори за титулата.

Bombshell after his departure in 2020 Andrea Dovizioso will ride

На крајот на сезоната 2020, настапот со Aprilia RS-GP не изгледаше како правилен избор. Тука беше и неизвесноста околу Марк Маркез и тоа значеше дека можно е да се ослободи место во фабричкиот тим на Honda, барем се додека не се врати Шпанецот.

Разговорите со КТМ пропаднаа поради слични причини а тимот со Дани Педроса веќе има добар тест возач. Довициозо ја одби можноста да биде тест возач на Yamaha, бидејќи шансите да извози некоја трка со тимот беа многу мали.

Во последните неколку недели, шансите да се врати на патеката станаа уште помали. Марк Маркез се опорави од повредата и најверојатно тој ќе настапи на трката во Катар.

Aprilia остана единствениот тим. Но настапот во оваа екипа има и некои позитивни работи. Иако нивниот мотоцикл не беше доволно компетитивен минатата сезона, тестот во Катар покажа дека тимот и значителен напредок.

aprilia rs gp 2021 13

Решени се проблемите со моторот а шефот на техника во Aprilia, Романо Албесиано, го подобри дизајнот на мотоциклот. Подобрувањата на машината најдобро можеа да се видат на табелата во Катар. Алеш Еспаргаро заврши на шестото место на вториот тест. Иако заостануваше една секунда зад Џек Милер, тој имаше добро темпо и постојано беше меѓу првите четири возачи.

Aprilia исто така има и сериозен проблем. Промовирањето на Лоренцо Савадори не ги дава очекуваните резултати а како надополнување на ова, Италијанецот доживеа тешка повреда на рамото. Тој беше последен на тестот, дури и зад тест возачите на Suzuki и KTM, Силвиан Гинтоли односно Дани Педроса. Бредли Смит пак се уште е далеку од нивото за да може да биде главен возач.

И двете страни може да имаат корист од оваа привремена соработка. Aprilia ќе го искористи искуството на еден од најдобрите возачи додека пак Довицизо ќе има шанса да види како се одвиваат работите во Aprilia.

Дали ова ја прави одлуката Aprilia да му понуди договор на Довициозо а тој да го прифати, неизбежна? Не мора да значи, но шансите за вакво нешто од ден на ден се зголемуваат. Aprilia е единствената шанса на Довициозо за настап оваа сезона и најдобра можност да добие добар договор за следните сезони.

andrea dovizioso mugello italian gp motogp scaled

Ако тој не се трка, тогаш тимовите ќе бараат возач во Мото2. Голем број на возачи веќе ја напуштија серијата и преминаа во премиерната класа. Марко Безеки, Реми Гарднер, Фабио ди Џанантонио, Аугусто Фернандез се само дел од возачите кои преминаа.

Штом листата на возачи ќе биде потврдена, промена е дозволена само со одобрение на IRTA. Но дури и тогаш, не значи дека апликацијата ќе биде автоматски прифатена.

Но со оглед на тоа дека Довициозо е подобар возач од Савадори, најверојатно IRTA ќе ја одобри промената.

Back To Top