Кога KTM RC16 проектот за прв пат беше најавен, извршниот директор на компанијата, Стефан Пиерер, изјави дека еден ден во продажба ќе се најде и продукциската верзија на овој модел. Денеска не е тој ден, но тоа ќе се случи многу скоро.

Тоа е така бидејќи KTM ќе направи да бидат достапни два поранешни MotoGP тркачки мотоцикли.  Тие нема да бидат воопшто евтини и ќе ви требаат околу 250 000 евра доколку сакате да купите еден ваков мотоцикл.

За оваа сума добивате и голем број на додатоци меѓу кои се целосна тркачка опрема која ја носи Пол Еспаргаро (облека, чизми, ракавици), како и кацига на која ќе има специјална посвета.

Исто така еден викенд ќе имате можност да бидете дел од Red Bull KTM фабричкиот тим (вие ќе можете да одберете на која трка ќе биде тоа) што подразбира прошетка низ гаражата, како и средба со Пол Еспаргаро и Јохан Зарко.

Доколку ги погледнеме сите овие работи тогаш цената е навистина разумна (доколку може да се каже нешто такво за оваа сума). Еден ваков викенд патување, вклучувајќи ја тука и тркачката опрема која ви следува, изнесува некаде околу 10 000 евра. А плус тука го добивате и мотоциклот.

Се верува дека MotoGP мотоциклите на Ducati  чинат многу повеќе, а само еден ваков модел на Honda изнесува 188 000 евра.

KTM RC16 for sale 01

Иако не е дозволено со KTM RC16 да возите на улица, а нема ниту некое шампионско педигре, сепак ова е одлична можност за тркачките ентузијасти.

Сека е вистинскиот момент уште еднаш да размислите дали вреди вашите деца да одат на факултет или пак дали навистина сакате да се пензионирате кога ќе имате 65 години. Сопственоста на објект за живеење е преценета, можете да преживеете и со еден бубрег.  Животот е краток и слободно можете да направите лоши избори.

За првични информации, заинтересираните купувачи може да се обратат на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Back To Top