Kawasaki додаде нова SE верзија на Z H2 super-naked линијата за сезоната 2021.

Kawasaki додаде нова SE верзија на Z H2 super-naked линијата за сезоната 2021. Како и кај другите Kawasaki SE верзии, Z H2 SE има Skyhook прилагодлива суспензија.

Skyhook системот автоматски се прилагодува на патот. Исто така во контакт е и со вилушката со цел таа да не се навали премногу при сопирање.

Kawasaki Z H2 SE main 24 11

Покрај новата суспензија, Z H2 SE исто така доби и LED светла како и нов TFT екран кој можете да го поврзете со вашиот телефон. Слично нешто има и кај новите ZX-10R и ZX-10RR.

SE верзијата исто така доби и посебна боја со цел да се разликува од стандардниот модел.

Се очекува оваа машина да пристигне во Велика Британија во март. Препорачаната цена на производителот за овој модел изнесува 20.600 евра, 2750 евра поскапо во однос на основната верзија.

Back To Top