За време на EICMA 2018 кое се оддржа во Милано, MV Agusta го претстави новиот концепт, Superveloce.  Овој модел на еден начин им одава почит на нивните мотоцикли од седумдесетите години на минатиот век кои беа дел од Гран При трките.

За да го креираат овој мотоцикл, од компанијата велат дека почнале со F3 800 шасија, мотор и сопирачки. Но одлучиле да го направат F3 многу поспорстки. Тој е и онака веќе многу брз благодарение на „counter-rotating crank“.

За Superveloce, од MV велат дека комплетно го промениле моторот и дека тој има уште многу потенцијал. За подобрувањето, компанијата работеше со SC Projects и заедно го креираа 3 во 1 во 3 издувот, потсетувајќи се притоа на тркачката историја на компанијата.

Откако завршија со моторот, тие креираа целосен нов оклоп кој е изработен од јаглеродни влакна. Ова многу потсетува на нивите поранешни, тркачки модели. Мотоциклот има две округли LED светла напред и позади кои му даваат класичен изглед. Тој исто така има и модерен TFT екран.

Пред да сакате да го купите, треба да знаете дека овој модел засега е само концепт. Сепак од компанијата велат дека тој ќе се најде во производство во втората половина на 2019 година.

MV Agusta Superveloce 800 02

Во меѓувреме, од компанијата велат и дека имаат големи планови и сакаат да ја променат нивната бизнис практика со цел да го исполнат она што го постојано го ветуваат.

„Нашата прва цел е да ја подобриме услугата како и снабдувањето со мотоцикли“, вели Тимар Сардаров, извршен директор на компанијата. „Компанијата помина низ една криза и голем дел од нашиот ланец на набавки беше нарушен. Мораме да ја вратиме довербата кај нашите добавувачи а тоа ќе го направиме преку подобра работа.“

„Ќе отвориме нов салон во Лондон и ќе работиме заедно со нашите пријатели таму за да го направиме поголем и подобар. Нема да го зголемиме бројот на продавници но оние што ги имаме ќе ги направиме подобри. Сакаме да бидеме познати по добрата услуга, лесниот пристап до резервни делови и продажбата. Ова е нашиот главен приоритет.“

Back To Top