“Big Red Pig” ( како што нагалено го нарекуваат) е главен модел на Honda од „dirt bike“ линијата на мотоцикли.
Во изминативе 20 години, Honda XR650 претрпе релативно мали промени но и покрај тоа, оваа машина која има 644cc ги задржа фановите.
На пазарот во САД исчезна машината која има „R“ спецификации но XR650L продолжи да постои како „dual-sport“ машина.
Кога VMX Restomod одлучи да направи одредени промени со цел да го направи легален за возење по улица, веднаш го привлече нашето внимание.
XR650R е навистина атрактивен супермото пакет. Претходната линија која ја имаше оваа машина, за која слободно можеме да кажеме дека беше застарена и пред дваесет години кога дебитираше овој мотоцикл, сега е заменета со нова која на оваа машина и дава модерен и агресивен изглед.
Мотоциклот има одлични делови. Тука се Beringer сопирачките со челичен ротор и KYB вилушките со Öhlins амортизери на задниот дел.
Сличен, „Франкенштајн“, систем има и на издувот кој има Yoshimura придушувач на звук. Мотоциклот е опремен и со 17 инчни пневматици на Michelin.
Прилагодлив „triple clamp“ е уште еден екстра додаток а на мотоциклот можеме да забележиме и уште неколку паметни апликации изработени од јаглеродни влакна, титаниум и алуминиум.
Меѓу другите работи кои се впечатливи е додатокот за проток на ладен воздух кој се наоѓа на левата страна на мотоциклот. Резервоарот за гориво кој е изработен од алуминиум е исто така фантастичен.
Засега се уште не знаеме која ќе биде неговата тежина но можеме да претпоставиме дека тоа ќе биде помалку од 156 килограми колку што тежи XR650L.