Мотоцикли

Harley конечно влезе во 21 век

Само што слушнавме една информација од Harley-Davidson која веруваме дека ќе сакате да ја знаете. Веќе подолг период има гласини дека компанијата со седиште во Милвоки планира да објави нешто поврзано со нејзината иднина.

Следете нè на:

 

Никој не веруваше дека тоа е нешто сериозно. Но, се чини дека згрешивме. Утрово Harley ни ја откри информацијата и таа е прилично неверојатна.

Photo3 770x433

Со цел да привлече што е можно поголем број на возачи, компанијата го претстави планот наречен „More Roads to Harley Davidson“.

„Храбрата одлука која ја објавивме денеска ги поттикнува големите можности на Harley Davidson, неговата моќност, развојот на мотоциклот, глобалната привлечност на брендот како и огромната мрежа на официјални дилери“, изјави претседателот и извршен директор на компанијата, Мет Леватич.  „Заедно со нашите лојални корисници ќе ја предводиме револуцијата на две тркала која треба да ги инспирира оние кои досега воопшто не ни помислиле на мотоцикл.“

Ова е прилично храбра најава но што конкретно мислат со тоа? За почеток, промена на имиџот на компанијата која сега ќе има различни видови на мотоцикли достапни на голем број на пазари наместо уште да се обидуваат да ги продаваат досегашните тешки крузери на жителите на Тајланд и Виетнам. Како планираат да го направат тоа? Еве дел од соопштението кое го испратија од компанијата.

Нови производи:

Задржување на лидерската позиција на компанијата кај потешките мотоцикли преку постојано подобрување, технолошки понапредни Туринг и Крузер мотоцикли кои ќе им го задржат вниманието на возачите кои и во моментов имаат Harley-Davidson мотоцикли. Воведување на нова модуларна платформа на мотоцикли која ќе има од 500cc до 1250cc. Дел од ова ќе биде првиот Авантуристичко-Туринг мотоцикл, Harley-Davidson Pan America 1250, понатаму, 1250cc Custom модел како и 975cc Streetfighter модел. Сите овие модели се очекува да се најдат на пазарот на почетокот на 2020 година. До 2022 година се очекува на пазарот да се најдат уште неколку модели.

Изработка на мотоцикли со помала зафатнина(од 250cc до 500cc) наменети за Азискиот пазар. Овој нов производ ќе им помогне да влезат на пазарот во Индија кој е еден од најбрзо растечките пазари во светот.

Лидери на пазарот со електрични мотоцикли со претставувањето на првиот електричен Harley-Davidson, LiveWire во 2019 година. Ова е првиот од низата модели кои треба да го зацврстат лидерското место на компанијата во овој сегмент. Веднаш по него ќе следат уште неколу модели кои треба да ја инспирираат новата генерација на возачи.

LiveWire

LiveWire 770x433

Веќе подолг период слушаме за LiveWire. Не само што тој конечно ќе се појави на пазарот, туку со себе ќе донесе и неколку пријатели. Тој е само еден од низата на електрични мотоцикли кои компанијата планира да ги претстави на пазарот. Засега нема дополнителни детали но очекуваме да се појави на пазарот во 2019 година.

EV images 2 770x433


Pan America

Pan America 770x433

Погледнете го само овој мотоцикл. Изгледа како Road Glide и Africa Twin да имале дете. Чудно дете на прв поглед, кое можеби ќе го засакате. Се што знаеме за овој модел е тоа дека ќе има нов, 1250cc мотор и дека ќе биде претставен во 2020 година. За среќа ќе биде доволно лесен за да биде вистински авантуристички мотоцикл.


Street Fighter проект

Photo3a 770x433

Се сеќавате на Buell? Јас се сеќавам и тоа со многу поголемо задоволство од неколку луѓе кои ги познавам. Според изгледот на мотоциклот, се чини дека и Harley се сеќава на овој модел. Засега се уште нема име но тој најверојатно ќе има мотор со зафатнина од 1250cc. Од компанијата велат дека на пазарот ќе се најде во 2020 година.


Нов, засега сѐ уште непознат модел

Photo2 770x433

Ова во моментов е уште мистерија. Според линиите кои ги има делува на спортски мотоцикл. Без разлика што ќе испадне на крајот, Harley со овој модел дефинитивно го привлeче моето внимание.

Ова е само дел од соопштението на Harley кое е прилично големо. Притиснете тука доколку сакате да го прочитате целиот извештај.

Би можело да ве интересира

Нашиот возач Христијан Бузалковски беше повикан од страна на српски тим и понудата секако беше прифатена. Воедно,трката се вози 4 часа, а овој пат ќе имаме директен пренос на каналот Спорт Клуб 3! Во продолжение ја пренесуваме и изјавата на Бузо за мотори.ком.мк

Мото клубот Конзули од Битола својот 8-ми мото собир ќе го организира на 11-ти август со почеток од 17 часот во ноќниот клуб Парадизо во Битола.

Автономното сопирање не е некоја новост во транспортната индустрија. Веќе неколку години автомобилите се опремени со вакви системи. Но во однос на безбедносната технологија, мотоциклите малку заостануваат.

Piaggio објави нова верзија на MP3 со значителни подобрувања на моделот 500 како и целосно нов модел 350.

Само што слушнавме една информација од Harley-Davidson која веруваме дека ќе сакате да ја знаете. Веќе подолг период има гласини дека компанијата со седиште во Милвоки планира да објави нешто поврзано со нејзината иднина.

На новиот модел алгоритмите на KTM, со помош на компјутер ги корегираат грешките на возачот. Само притиснете на сопирачките и мотоциклот ќе застане. Но што доколку возачот го фати паника и премногу силно притисне на предната сопирачка кога е веќе внатре во свиокот? Мотоциклот ќе се исправи и ќе застане.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!