Мотоцикли

BMW започна со тестирање на систем за изнајмување на мотоцикли

Станува збор за програма за изнајмување на мотоцикли која ќе биде достапна на сите продажни места на BMW.

Следете нè на:

 

BMW Motorrad разгледува нови начини како да ги привлече возачите. Токму поради оваа причина тие го креираа системот “Rent a Ride”. Самото име открива за што се работи. Станува збор за програма за изнајмување на мотоцикли која ќе биде достапна на сите продажни места на BMW.

Концептот е се уште на почеток и во моментов се фокусира на Германија, Австрија и Франција. Сите дилери кои се застапници на овој бренд имаат голем избор на мотоцикли од кои ќе можете да изберете.

IMGP2949

Доколку се покаже како успешна, тогаш оваа програма ќе биде достапна на сите продажни места на BMW. Германскиот бренд со ова ќе стане најголемата компанија за изнајмување на мотоцикли во светот.

Ова е паметна одлука на BMW Motorrad бидејќи не само што ќе го зголеми профитот туку и ќе привлече нови возачи.

Иако некои од дилерите на BMW веќе нудат ваква опција, “Rent a Ride” програмата ќе ги обедини сите нив под една апликација.

Со оглед на тоа како мобилните апликации го променија начинот на кој функционира сервисот за изнајмување на автомобили, целта на оваа програма е да го направи истото и за мотоциклите. Лесно ќе можете да го одберете и да платите за мотоциклот.

Од компанијата сакаат оваа програма да ја изедначат со нивната веќе постоечка програма за автомобилите, “DriveNow” која им овозможува на возачите за кус период да изнајмат автомобил.

Ова е тренд за кој сигурно ќе слушаме уште многу во иднина, а очекуваме за некоја година да се прошири и во Македонија преку овластениот увозник за БМВ мотоцикли - Динамикс.

Би можело да ве интересира

Макпетрол објави голем попуст на целата своја програма, вклучувајќи ги мотоциклите од Хонда, мото опремата и кацигите.

Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

На наш колега моторџија му е потребна помош, да се покажеме во вистинско светло во недела!

Викендов на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Фантастична борба за победата ја одбележа првата трка за ГН на Тајланд која му припадна на Марк Маркез.

Слободно можеме да кажеме дека новите модели кои ги прикажа Ducati за време на Intermot беа помалку резервирани.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.