Прва трка од Ендуро шампионатот за 2021 година, во организација на мото клуб Мото-Велес, Мотоциклистичка федерација на Македонија и Општина Велес.
Со оглед на олабавување на мерките и имајќи предвид дека настанот е на отворен простор, дозволено е да присуствува публика но со почитување на дистанца и носење на маски.
Предвидени се трки во три класи кои ќе се бодуваат за домашниот ендуро шампионат: E1, E2 и E3. Трките започнуваат утре (сабота) со почеток од 10 часот.
Мото-Велес воедно ги известува сите заинтересирани натпреварувачи навремено да извадат лиценца, спортско лекарско уверение и осигурување за да можат да учествуваат на трките.