Мото клубот Конзули од Битола е млад клуб формиран и регистриран во месец Јануари 2011 од повеќе основачи ентузијасти. Идејата за основање на клубот трае подолго време, а со оглед на бројноста на заинтересираните имаше голем притисок за основање на клубот. Во меѓувреме наши членови - моторџии повеќе години учествуваа на разни мото тури и дружења, сепак тоа беше доста неорганизирано и несоодветно.
Нашиот мото клуб Конзули Битола е отворен клуб за заинтересирани моторџии и љубители на мотори кои сакаат дружење, возење и учество на разни собири, манифестации, хуманитарни акции, чувајќи ја природата и околината. Располагаме со сопствени простории на ул. Железничка б.б. Битола.
Повеќе информации можат да се добијат на:
-Претседател на клубот, Ромео Јовановски 075/757-174 -Заменик претседател, Илија Банчотов 070/478-331 -Портпарол на клубот, Ѓорѓи Георгиевски 078/207-206 -Раководител на финансии, Филип Радивчев 070/339-730 -Офицер за безбедност, Југослав Бошевски 078/208-800
Мото клубот “INDIAN” е формиран 2010 година во Куманово. Клубот брои околу 30тина членови и е формиран со цел да ја шири мото културата во Куманово и надвор од него.
Името на клубот “INDIAN”го одбравме бидејќи индијанците биле воинствен и храбар народ кои верувале во природата и поврзаноста на човекот со природата,исто така народ кој има посебен начин на живот, издржливост во борбата за живот и посветеноста кон своето племе и својот народ.
Во овој мото клуб членуваат луѓе од сите бранши но сите не поврзува љубовта спрема моторите, дружењето,и авантуристичкиот дух кој го имаме секој во нас.Нашата желба и сатисфакција е мир во светот и ширење љубов кон моторите и се разбира нашето мото:Вози внимателно.
Претседател на мото клуб “INDIAN” Емил Трајковски
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Идејата за формирање и делување на велешки Мото клуб долго време постоеше, но не беше реализирана. Првичната замисла беше да се формира Мото клуб кој на најдобар начин би ја негувал, преставувал, координирал и мотивирал Мото културата присутна во Велес, но и пошороко.
На 01. 11. 2008 година со само 8 (осум) члена започна егзистирањето на Мото клубот CROSS BEARERS (носачи на крстот). Денес клубот брои 18 (осумнаесет) члена.
Зошто Cross Bearers?
Позадина на секој термин или име е некоја интересна приказна. Истото важи и за нас! Подолго време на мото јавноста и бевме познати како Велешка екипа. Но тоа не ни беше доволно... потребно беше репрезентативно име на клубот! Приказната за нашето име говори дека ако градот Велес се набљудува од птичја перспектива и ако се земат во предвид од една страна манастирите Св. Јован Ветерски и Св.Dimitrija , а од друга страна црквите Св. Пантелејмон и Св. Спас, формираат правилен крст над Градот. Па оттаму, само на англиски јазик преведено добивме CROSS BEARERS или носачи на крстот.
Членовите на Мото клубот освен што се активни на скоро сите мото собири, Рели возења низ Македонија и пошироко, МК Cross Bearers во македонската јавност станаа препознатливи и по учествата во организацијата на неколку значајни хуманитарни акции.
На 01. 11. 2009 година клубот беше дел од хуманитарната акција "Денови на солидарноста на мотоциклистите" генерално организирана од MCC Guardian Angels. Членовите на клубот, а воедно и Велешани покажаа дека се екстремно хумани луѓе и дека Велес е и ќе остане град на крводарителите. Паралелно течеше и акцијата за помош на сиромашните дечиња, при што се собра голема количина на веќе користена облека.
Во моментов при крај се подготовките за престојната Мото забава која се организира под покровителство на град Велес. Забавата ќе се одржи на езерото Младост на 08-ми мај со почеток од 20 часот со богата забавна програма и нејзина единствена цел е преставување на градот и езерото во нивно најубаво светло како и акцентирање на значењето на учеството на моторџиите во секојдневниот сообраќај.
Во соработка со MCC Guardian Angels и српската мото асоцијација BJBikers во подготовка е едукативна презентација за безбедно возење, обука и проширување на знаењето за моторот, како и запознавање на јавноста со мото културата преку нивните матични активности.
Со кликнување на следниот линк може да проследите дел од нашите патувања и активности:
Lone Knights MC е основан во месец Mај, 2009 година во Македонија. Клубот е формиран и егзистира по принципите карактеристични за традиционалните мотоциклистички клубови (МC). Нашите членови ги претставуваат единствено боите на нашиот клуб. Името на Lone Knights MC се врзува со постоењето на средновековните витези во Европа. Исто како и средновековните витешки редови, Lone Knights MC ги следи начелата на: Чесност, Искреност, Гордост, Храброст и Лојалност.
И веднаш се појавува прашањето: Зошто ОСАМЕНИ Витези? Бидејќи токму овие особини се поретко се среќаваат меѓу луѓето во светот, а нарушените морални и етички вредности стануваат секојдневна и општо прифатена појава. Секој член на Lone Knights MC е горд на боите што ги носи, а секој нов член на клубот се обврзува на доследно почитување на сите принципи и правила кои важат во клубот. Lone Knights MC соработува со сите МC и MK клубови, како во Македонија, така и во околните земји, притоа промовирајќи го клубот и бајкерскиот начин на живот.
И во иднина, Lone Knights MC ќе остане доследен на своите принципи. А за секој кој сака да биде дел од ова нас: "Oпреми се со шлемот кој се нарекува ЧЕСНОСТ, штитот koj се нарекува ИСКРЕНОСТ, оклопот кој се нарекува ГОРДОСТ и ХРАБРОСТ во твоето срце. Твојот меч на ЛОЈАЛНОСТ положи го меѓу нас и стани дел од нашето братство".
И ТАКА ЗАПОЧНА …. Моторџии кои што се среќаваа на Македонските патишта случајно се запознаа 2007 год. Така заеднички го реализираат и првиот собир во Мариово 2008 и походите на останатите мото собири во РМ и понатаму на патиштата кои водат во непознато. Ради своите редовни присуства на многуте манифестации и забави станаа познати во мото светот и создадоа “планина“ на пријателства и познанства уште како здружение, друштво...
2008 сосем спонтано се формира Мото Клубот ГАРДИАН ЕНЏЕЛС МАКЕДОНИЈА. И така друштвото на мото-фанатици вози под заедничко име MCC GUARDIAN ANGELS MACEDONIA. 2009 година успешно ја организираат и Втората по ред Мото Тура Мариово 2009, крводарителската акција на ниво на Р.Македонија во соорганизација на останатите мото клубови и Црвениот Крст на РМ, како и јавна презентација и демонстрација на давање на прва помош на повреден моторциклист во соработка со Црвен Крст на Р.М. на плоштадот во Скопје. Учествуваат на многуте мото-манифестации и забави таа 2009. Присутни се и 2010 на многуте организирани настани и забави во мото-светот и успешна организација на третата по ред Мото Тура Мариово 2010.
Со тоа започнаа да создаваат нешто што и ним самите не им беше јасно во што ќе се претвори... Набрзо, сфаќаат дека направиле нешто големо....трудот се исплати! Кон крајот на 2010 год. во согласност со другите MC клубови во Македонија се решаваат да ги превземат правилата и начинот на живот на вистински традиционален мото клуб- MC.
Членовите на MCC GUARDIAN ANGELS MACEDONIA ја прифаќаат есенцијата на таквиот живот и стануваат браќа. Со таа одлука мото клубот става троделни ознаки (бои) и стануваат GUARDIAN ANGELS MC. Значи друштвото на развратни фанатици стануваат браќа поврзани со исти погледи на светот и исти идеали Чесност, Лојалност и Почитување (H,L&R). Темелните вредности на клубот стануваат братството и почитувањето, односно меѓусебното почитување. Поради тоа што членовите на клубот не го доживуваат овој клуб како било каква заедница или како хоби затоа темелните вредности ги поставуваат како начин на живот. GUARDIAN ANGELS МС го доживуваат клубот како голема фамилија и така се однесуваат! Да се биде бајкер за нив не значи да се има мотор и да се вози од кафе бар до кафе бар, кафеана до кафеана, за нив тоа е начин на живот за кој се одлучиле да го живеат засекогаш!
GUARDIAN ANGELS MC не се територијално определени како клуб, но членството доаѓа од повеќе градови на Р.Македонија и со тоа функционира на целата територија на РМ како една единствена конпактна целина, независни од други клубови и асоцијации, со интерес кон својата политика на братството – КЛУБОТ. Почит кон сите клубови кои ни искажуваат почитување, а кон останатите според нивното однесување. GUARDIAN ANGELS MC е отворен за соработка со сите останати МС клубови од земјата и странство. Но одбиваме да реферираме кон било кој “што“ и “кој“ го имаме како член. Не има од разни профили, и професии. Членовите на GUARDIAN ANGELS MC, возат, се забавуваат и си ги гледаат своите работи. Нашата определба како клуб е да допринесуваме во општеството во кое живееме. GUARDIAN ANGELS MC е отворен за сите нови членови кои ќе ги прифатат Правилата од Кодексот на GUARDIAN ANGELS MC било од земјата или странство... Оние кои возеле со нас, се дружеле со нас или не познаваат, знаат дека сме бајкери.
GUARDIAN ANGELS MC е тоа како се прикажуваме и ништо повеќе и ништо помалку....
На 25 април 2009год, прославивме една година од постоењето на МК BEARS од Куманово. МК BEARS брои 14 членови, моторциклисти ентузијасти, кои се стремат мото културата да се искачи на повисоко ниво.
Името Мечки (BEARS) го одбравме како симбол на моќ, мечката се карактеризира како животно кое живее самостојно, кое ја брани својата територија, а како симбол ја користиме мечкината шепа со моторцикл во неа, која е во бела боја на црна позадина.
За ова кратко време од нашево постоење, нашиов клуб на 23 декември 2008 год, организираше акција под името Дедо Мраз на мотор, на кој им беа доделени новогодишни пакетчиња на децата од Дневниот центар за грижа на лица со посебни потреби од Куманово.
Во акцијата бевме поддржани и од наши пријатели од другите мото клубови од државава. И се надеваме дека оваа акција ќе ни биде традиционална во годините што следат.
Списокот со членови и фотографии ќе биде додаден наскоро.
Контакт е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
MCC Coyotes e формиран како заокружување на едно долгогодишно другарување помеѓу членовите на клубот.
Клубот брои 11 членови, секогаш расположени за дружење, прошетки и возење низ републикава.
Заедничко на членовите на овој клуб се разбира дека е љубовта кон моторите, а клубот е фокусиран кон запознавање на нови луѓе и создавање на нови пријателства. Членовите на клубот не се занимаваат со мото трки, едноставно предност даваме на турингот.
За било какви информации можете да не контактирате на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Клубот е формиран и постои веќе три години, а идејата за него доаѓа со самата традиција на градот Велес, кој е познат години наназад по имињата на денес веќе познати возачи во мото спортот.
Клубот официјално брои околу 15 -тина членови, а интересот за него е се поголем од младите во овој град. Веќе извесно време сме во преговори за одржување на еден мото собир на кој и официјално ќе се представиме пред останатите мото клубови но, за тоа навреме ќе бидете известени.
Мотори кои моментално ги имаат членовите на клубот се: Suzuki Hayabusa, Yamaha R1, Kawasaki ZX-10R, Suzuki GSX R, и други.
Редовно ги посетуваме скоро сите собири и трки во Македонија и надвор од неа, а од неодамна и учествувавме на трките во Вршац и Кичево.Таму не представуваше Караколев Ѓоре кој после подолга пауза повторно се појавува на тркачите патеки во класата од 1000cm3.
Во прилог на оваа кратка биографија за мото клуб "Speedyeast" Велес ви испраќаме некои наши фотографии и можноста за отворена соработка со сите.