TURTLES MCC - Мото клуб ЖЕЛКИ Кочани е формиран на 01.04.2019 год. и претставува прф официјален и регистриран мото клуб од ова подрачје на државата. Моментално клубот има 15 регистрирани членови кои се на воздраст од 21 до 60 години.

Главната одлика на овој клуб се заложбите на неговите членови за подигнување на свеста кај мотоциклистите за нивната безбедност преку строго политување на сообраќајните правила и прописи. Од тие причини во Статусот на клубот посебно е нагласено почитувањето на ДВЕТЕ ЗЛАТНИ ПРАВИЛА на клубот:

  1. "Секогаш носи кацига кога управуваш мотоцикл" и
  2. "Почитувај ги сите правила".

Второто правило се однесува на почитувањето на сите сообраќајни правила и прописи, почитувањето на правилата на клубот, правилата на наптреварување во мото спортот, правилата на однесување во секојдневниот живот и сл. Исто така клубот се залага и за подигнување на свеста кај останатите учесници во сообраќајот кои не ги респектираат мотоциклистите како рамноправни, а всушност претставуваат ранлива категорија учесници. 

За крај вредно е да се спомeне дека иако самото име на клубот асоцира на споро возење и носење на заштитна опрема, во истиот членуваат актуелни и идни натпреварувачи во брзински мотоциклизам (засега под името на клубот "Сакамото" од Скопје), еден stunt бајкер, а во догледно време ќе бидат зачленети и off road натпреварувачи.

Контакт со клубот на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Back To Top

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.