Сигурно се прашувате каква врска има богатство од Втората светска војна со сајт за мотори, но „богатството“ кое го пронашле двајцата ентузијасти во шума во Франција, всушност е руски мотоцикл.

Сигурно се прашувате каква врска има богатство од Втората светска војна со сајт за мотори, но „богатството“ кое го пронашле двајцата ентузијасти во шума во Франција, всушност е Руски мотоцикл.

Две момчиња кои очигледно имале доволно време да шетаат со детектори за метал низ шума (нема да навлегуваме во причините за нивната постапка), пронашле нешто на што не се надевале ни во најлудите сништа. 

Француската шума од времето на Втората светска војна го криела закопан овој модел на рускиот производител „Krasnyi Oktyabr“ (Красный Октябрь т.е. Црвениот Октомври). Се работи за модел кој ја носи ознаката L-300, а е направен по лиценца на DKW односно нивниот модел Lexus 300 со тоа што кај Русите ознаката L е за градот во кој е произведен моторот (Ленинград).

tumblr mvrc2thEcz1so79keo1 1280

tumblr mvrc2thEcz1so79keo2 1280

tumblr mvrc2thEcz1so79keo3 1280

tumblr mvrc2thEcz1so79keo4 1280

tumblr mvrc2thEcz1so79keo5 1280

tumblr mvrc2thEcz1so79keo6 1280

tumblr mvrc2thEcz1so79keo7 1280

tumblr mvrc2thEcz1so79keo8 1280

Едниот од пронаоѓачите на својот твитер профил обелодени дека е во тек акција за реставрација на моторот, што звучи навистина неверојатно. Одлично ви било доколку успеат да го реставрираат моделот, но мора да признаеме дека тоа ќе биде ѓаволски тешка задача.

Повеќе информации за овој модел можете да прочитате на следниот линк: http://motos-of-war.ru/ru/en/motorcycles-2/l-300/

Back To Top