Занимливости

Визир за кацига кој автоматски се затемнува/осветлува

Француска компанија пронајде решение со кое се намалува импактот од промената на интензитетот на светлината додека возите.

Следете нè на:

 

Сончевите денови се покана со која природата ве повикува да излезете и да возите. Ја ставате кацигата со темен визир и се качувате на мотоциклот. Сето тоа е одлично само да не се оние делови од патот каде светлината не е толку силна и каде што неколку секунди не гледате ништо пред вас, или пак кога почнува да се стемнува. За навечер и да не говориме. А доколку пак не носите затемнет визир, ефектот е уште полош. Производителите веќе креираа кацига која ви помага да го решите овој проблем, но, за жал, за целосна транзиција се потребни неколку минути. Но сега една амбициозна компанија е посветена да го реши овој проблем и ветува целосна транзиција, од темно во светло, за само неколку секунди.

shetters 770x433

Француската компанија „Shetters“ е одлучна да го реши овој проблем преку воведување на визири за „Arai“ и  „Shoei“ кацигите. Тие користат светлосни сензори за да проценат колку треба да се затемнат и реагираат за само 0.04 секунди. LCD технологијата е поврзана со мал, соларен панел. Со ова вие никогаш нема да морате да се грижите дали сте заборавиле да го наполните вашиот визир, односно системот е целосно автономен.

Иако визирот нуди различни нивоа на сенка во зависност од интензитетот на светлината, сигурно се прашувате како ќе реагира при нагла промена и дали вашата кацига одеднаш ќе се претвори во дискотека.

Визирот како и очилата кои се опремени со истата технологија сега се достапни на Kickstarter. Нивната цена изнесува 230 долари за првите сто визири кои ќе се продадат, а потоа цената се качува на 280 долари. Првите испораки се очекуваат во септември.

Би можело да ве интересира

Нашиот возач Христијан Бузалковски беше повикан од страна на српски тим и понудата секако беше прифатена. Воедно,трката се вози 4 часа, а овој пат ќе имаме директен пренос на каналот Спорт Клуб 3! Во продолжение ја пренесуваме и изјавата на Бузо за мотори.ком.мк

Мото клубот Конзули од Битола својот 8-ми мото собир ќе го организира на 11-ти август со почеток од 17 часот во ноќниот клуб Парадизо во Битола.

Автономното сопирање не е некоја новост во транспортната индустрија. Веќе неколку години автомобилите се опремени со вакви системи. Но во однос на безбедносната технологија, мотоциклите малку заостануваат.

Piaggio објави нова верзија на MP3 со значителни подобрувања на моделот 500 како и целосно нов модел 350.

Само што слушнавме една информација од Harley-Davidson која веруваме дека ќе сакате да ја знаете. Веќе подолг период има гласини дека компанијата со седиште во Милвоки планира да објави нешто поврзано со нејзината иднина.

На новиот модел алгоритмите на KTM, со помош на компјутер ги корегираат грешките на возачот. Само притиснете на сопирачките и мотоциклот ќе застане. Но што доколку возачот го фати паника и премногу силно притисне на предната сопирачка кога е веќе внатре во свиокот? Мотоциклот ќе се исправи и ќе застане.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!