Еве како еден возач од Јужна Африка ги доживува авантуристичките мотоцикли.
Има еден интересен мото форум од Јужна Африка наречен „The Wild Dog Forum“ на кој илјадници возачи го споделуваат своето мислење. Еден таков возач е Алмеро кој е сопственик на Yamaha XT 660 Z и кој се чини дека е повеќе заинтересиран за квалитет отколку за квантитет. Во шест години колку е член на форумот, досега има повеќе од триесет објави. Едно од нив ни го привлече вниманието.
BMW 1200GS
Господе, не знам од каде да почнам. Неговата голема популарност е надмината само од неговата тежина. Не знам зошто само има застарена технологија. Ужасна суспензија. Оценка: 0/10.
KTM 1290
Со повеќе од 600 коњски сили, овој модел е официјалниот мотоцикл на оние кои ги фаќа криза на стари години. Вашата жена можеби и ќе престане да спие со поштарот кога ќе купите ваков мотоцикл. Ужасна суспензија. Оценка: 0/10.
KTM 1090
Сакаш 1290 но немаш храброст да се справиш со неговата моќ? Тогаш овој мотоцикл е за тебе. Ужасна суспензија. Оценка: 0/10.
BMW 800GS
Zzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzz!! Ужасна суспензија. Оценка: 0/10.
Honda Africa Twin 1000
Ист како и лош KTM 990. Со само 95 коњски сили, овој мотоцикл практично е бескорисен. 15 години чекавме за вакво нешто. Какво само разочарување. Ужасна суспензија. Оценка: 0/10.
KTM 990
Ист како и слаб Africa Twin. Според потрошувачката на гориво е многу блиску до Land Cruiser, а секое патување подолго од 15 километри е речиси невозможно. Ужасна суспензија. Оценка: 0/10.
Honda 250 Rally
Honda излажа многумина со овој мотоцикл. Суспензијата е апсолутно ужасна. Оценка: 0/10.
Yamaha Super Tenere 1200
Сакате 1200GS обоен во сино. Колку само чини???? Апсолутно ужасна суспензија. Оценка: 0/10.
Yamaha XT660Z Tenere
Овој мотоцикл тежи речиси исто колку и 1200GS но има само дел од неговата моќност. Дури и Kymco скутерите лесно ќе ве претекнат. Само идиот би се одлучил за овој модел. Со полн резервоар ќе можете да поминете многу километри што само дополнително ќе ви го одложи мачењето. Ужасна суспензија. Оценка: 0/10.
Triumph Tiger 800
Толку е лош што дури и Triumph се откажа од него. Издржливост, нула. Избегнувајте го по секоја цена. Суспензијата е многу лоша. Оценка: 0/10.
Kawasaki KLR650
Здраво, ве повикува од 1960 и ја сакаме назад нашата технологија. Премногу грд, а дури го надминува и лошиот изглед на KTM 990. Дури и Fiat UNO е побрз од него. Суспензијата е ужасна. Оценка: 0/10.
Suzuki DR650
Видете го текстот за KLR650, само многу, многу полошо. Понесете си шише со моторно масло со вас. Ужасна суспензија. Оценка: 0/10.
KTM 690
Не сте многу паметен доколку планирате да поминете големо растојание со овој мотоцикл. Оваа инвестиција ќе ви се исплати исто колку и да го послушате советот кој на вашиот имејл ќе ви го даде принцот на Нигерија. Суспензија? Ужасна. Оценка: 0/10.
Huswqawjqwskwarna 701
KTM 690 само обоен жолто. Од земјата која ја измисли групата ABBA ни доаѓа еден навистина лош мотоцикл. После само 2 километри ќе ја забележите целата негова неудобност. Обидете се само да го изговорите неговото име. Суспензијата е ужасна. Оценка: 0/10.