Занимливости

Том Круз повторно ќе вози Kawasaki во вториот дел од Top Gun

Маверик се враќа и што е уште поважно знаеме каков мотоцикл ќе вози.

Следете нè на:

 

Како што веќе ни е познато, Том Круз е голем обожавател на мотоциклите. Во изминативе неколку години, ѕвездата на филмот Mission:Impossible го видовме со неколку модели, меѓу кои се BMW S1000 RR и Triumph Speed Triple, а овој пат тој ќе вози мотоцикл од Јапонскиот производител.

top gun film still a l

Продолженија и навраќања, се чини дека Холивуд во последно време се мачи да дојде до оригинална идеја. Затоа нека не ве чуди информацијата дека филмот, кој ја лансираше кариерата на Круз во 1986 година, повторно ќе се снима 30 години подоцна. Дали Гас ќе оживее? Дали Берлин повторно ќе ни го одземе здивот? Но она што е најважно, каков мотоцикл ќе вози Маверик?

Се чини дека Круз повторно ќе биде дел од зелениот тим во Top Gun. Во едно видео кое беше објавено на TMZ, може да се види како Круз го испробува новиот мотоцикл на Kawasaki. Маверик го замени неговиот GPZ900 за нов H2R. Тој дефинитивно ја исполнува неговата желба за брзина. H2R е чудовиште кое има 998cc и 210 коњски сили. Тежи 214 килограми и од 0 до 100 може да крене за само 3 секунди. Со оглед на тоа дека моделот се продава по цена од 60 илјади евра, можеби ликот кој го глуми Круз во филмот добил покачување на платата.

Се уште нема многу информации за филмот чија што оригинална верзија беше позната по Rayban очилата и  воените авиони. Но барем знаеме каков мотоцикл ќе вози Маверик и тоа е доволно за кратко да ја задоволи нашата љубопитност.

Би можело да ве интересира

Макпетрол објави голем попуст на целата своја програма, вклучувајќи ги мотоциклите од Хонда, мото опремата и кацигите.

Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

На наш колега моторџија му е потребна помош, да се покажеме во вистинско светло во недела!

Викендов на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Фантастична борба за победата ја одбележа првата трка за ГН на Тајланд која му припадна на Марк Маркез.

Слободно можеме да кажеме дека новите модели кои ги прикажа Ducati за време на Intermot беа помалку резервирани.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.