Honda го најави развојот на апликација за телефон која ќе има намена да го направи движењето низ сообраќајот подобро. Системот ќе ги предупредува возачите кога возилата пред нив ќе почнат да забавуваат.

honda-congestion-minimization-technology 100422854 l

Honda го најави развојот на апликација за телефон која ќе има намена да го направи движењето низ сообраќајот подобро. Системот ќе ги предупредува возачите кога возилата пред нив ќе почнат да забавуваат.

Долго време е познато дека сообраќајниот метеж - особено оној кој настанува без некоја особена причина - е предизвикан од само една или две возила кои забавуваат. Поради нив забавуваат и другите возила и веќе пред  да бидете свесни, се создала гужва.

Неколку компании се обиделе да го надминат овој проблем преку комуникација меѓу возилата, особено BMW кои работат на поврзувањето повеќе од една деценија. Сепак од Honda не се потпираат на возилата туку на телефоните кои ги имаат патниците.

Апликацијата го мери движењето на возилото и ја споделува таа информација со другите телефони во близина. Доколку автомобил кој е далеку пред вас нагло закочи, вашиот телефон ќе ве предупреди да забавите, долго пред да приметите дека постои проблем. На тестовите во Индонезија, системот на Honda се покажа како ефикасен за намалување на застојот, зголемувајќи ја просечната брзина на сообраќајот и подобрувајќи ја потрошувачката на гориво. Дури не треба ни сите да го користат – само неколку возачи со оваа апликација распоредени во нормалниот сообраќај можат да спречат да се создаде застој.

Секако постојат и недостатоци. Апликацијата го користи екранот на телефонот за да им каже на возачите дали  постои ризик од метеж (зелено за „нормално“, сино за „забави“). Тоа значи дека ќе биде тешко применлива при возењето на мотоцикл имајќи во предвид дека треба да гледате во екранот за да ја следите состојбата. Затоа пак друг оддел во Honda веќе работи на апликација за мотоцикли која ќе користи вибрациски и аудио предупредувања. 

Back To Top