Во еден сегмент од мото индустријата (оф роуд мотоциклите), изборот е веќе направен. Мотоциклите на Honda се црвени, на Yamaha сини, Kawasaki се зелени, KTM портокалови, а BMW бели. Тука бојата на вашиот мотоцикл не кажува ништо повеќе од она каде треба да одите за да набавите резервни делови.

Постојат многу информации за тоа што кажува нашата омилена боја за нас како личности. Сепак, тоа е субјективно. „Бојата, како и другите карактеристики, ги следи промените на емоциите“ - Пабло Пикасо.

Во еден сегмент од мото индустријата (оф роуд мотоциклите), изборот е веќе направен. Мотоциклите на Honda се црвени, на Yamaha сини, Kawasaki се зелени, KTM портокалови, а BMW бели. Тука бојата на вашиот мотоцикл не кажува ништо повеќе од она каде треба да одите за да набавите резервни делови.

Потребни се три години за трендовите на боја да бидат прифатени од пошироката публика, а  веројатно љубителите на мотоцикли не се премногу заинтересирани за тоа.

Што е тоа што те привлече во однос на бојата на твојот мотоцикл? Еве неколку извадоци од една книга по психологија кои можеби ќе ви звучат познато.

Црна

Технички, црната не е боја туку отсуство на боја. Исто така таа е и најпопуларна кај мотоциклите, особено кај крузерите.

„“Низ текот на годините, Suzuki и другите производители експериментираа со различни бои на своите модели на крузери, но ниту една не била толку успешна како црната,“ изјави Вејн Хјуз, менаџер за продажба на Suzuki во Америка. Долго време црна боја е поврзана со имиџот на „лошо момче“ и симболизира софистицираност и луксуз. 

motori boja 1

Бела

Белата боја ја апсорбира целата светлина така што таа е збирот на сите бои. Тоа е малку чудно бидејќи повеќе изгледа како да е недостиг на боја. Платното е бело пред да нацртате нешто на него, така? Ова објаснува зошто белата боја секога е поврзана со концептот за чистота (снег, ангели). Хероите носат бели шапки и јаваат на бели коњи. Можеби одбирате бела боја бидејќи сте добра личност.

motori boja 2

Црвена

Црвената боја буди силни емоции. Таа е исто така поврзана и со возбудата (тука за пример го имаме Ferrari). Но не можеме да зборуваме за црвени мотоцикли, а да не го споменеме Ducati. Во најголем случај, црвените мотоцикли кои ќе ги видите на улица се Ducati. Тоа е боја која асоцира на брзина. Според еден текст објавен во биснис весите на Fox, а во кои се опишани најпопуларните бои кај автомобилите, црвената боја е опишана дека проектира акција, сила и машкост.

motori boja 3

Зелена

Зелената боја е поврзана со природата, спокојството и среќата, но кога станува збор за мотоциклите, оваа боја едноставно значи Kawasaki. Заборавете на Triumph Street Triple или пак на раните изданија на BMW 1000RR. Ако видите зелена боја на некој мотоцикл, тој веројатно е Kawasaki. Компанијата оваа боја ја прифати во 1968 година откако им било посочено дека ниту еден друг бренд не ја користи. Оттогаш па се до денес, оваа боја е препознатлива за нив.

motori boja 4

Сина

Сината е една од најчестите омилени бои кај мажите. Таа асоцира на лојалност, доверба и искреност. Сината боја пренесува чувство на смиреност и безбедност, две работи кои не ви доаѓаат први на памет кога мислите на еден од најпопуларните спортски мотоцикли некогаш направени, Suzuki GSX-R.

motori boja 5

Жолта

„Колку е прекрасна жолтата боја“, изјавил Винсент Ван Гог. Таа буди топлина и лесно се забележува на пат. Личните карактеристики поврзани со оваа боја се умствени. Повеќе сакате да го користите умот за да завршите некоја работа, добри сте во решавање на проблеми но исто така сте и помалку арогантен.

motori boja 6

Портокалова

Високо енергетска, а и вибрациите кои оваа боја ги дава ја прави една од најомилените кај мотоциклистите. KTM ја прифати оваа боја во 1994 година како свој заштитен знак. Според ColorPsychology.com, луѓето на кои омилена боја им е портокалова се екстровертни и преземаат ризици.

motori boja 7

Која е бојата на вашиот мотоцикл и зошто ја одбравте токму неа?

Back To Top