Сите сме ги виделе машините на Boston Dynamics кои се дизајнирани да пренесуваат работи. Слично нешто направи и Piaggio, запознајте ги GITA и KILO, личните превозници на багаж.

Сите сме ги виделе машините на Boston Dynamics кои се дизајнирани да пренесуваат работи. Слично нешто направи и Piaggio, запознајте ги GITA и KILO, личните превозници на багаж.

piaggio presents personal luggage carriers 115194 1

Групацијата Piaggio само што ни ги претстави GITA и KILO кои се произведени од страна на Piaggio Fast Forward, компанија која ни доаѓа од Бостон.

GITA е автономно возило кое е дизајнирано да им помага на луѓето. Таа има две тркала и може да пренесе товар во тежина од 18 килограми. Малечкиот робот може да комуницира и може да достигне најголема брзина од 35 километри на час.

KILO, од друга страна, претставува негов поголем брат. Тој има три тркала кои нудат поголема стабилност и може да носи 100 килограми багаж.

„Да ги разбереме луѓето и нивните навики како и да ги задоволиме нивните потреби, ова е идејата која допринесе за изработката на GITA,“ изјави претседателот на компанијата, Микеле Коланино.  „Ни стана јасно дека мораме да креираме продукти во согласност со потребите кои ќе дојдат во иднина и сакаме тоа да го направиме преку хуманоста. Оваа приказна е направена од страна на вработените во компанијата кои се млади, ентузијасти, лица кои не се плашат од предизвици и кои создадоа совршено спојување на роботиката, инжињерството и дизајнот.“

Револуционерната природа на GITA и KILO се рефлектирана во нивната способност да им обезбедат поддршка на луѓето низ разни активности во нивниот секојдневен живот. Тие се дизајнирани да бидат вистинска платформа за мобилност и може да се прилагодат за да задоволат различни потреби.

Back To Top