Виртуелната реалност е главниот дел за создавање на пореалистични видео игри со мотоцикл, а еден производител веќе се одлучи да се нафати на предизвикот.

Неверојатно е тешко да се направи симулатор на трки со мотори кој на корисникот ќе му го долови вистинското чувство. Дури и некои од најдобрите игри на денешницата, како што е Ride 2, не успеаваат во тоа. Веројатно виртуелната реалност е главниот дел за создавање на пореалистични видео игри со мотоцикл, а еден производител веќе се одлучи да се нафати на предизвикот. На големо изненадување, тоа не е „Milestone“, производителот кој стои зад „Ride“ и MotoGP видео игрите, туку произведувачот на игри за мобилни телефони „Digital Tales“.

Screen Shot 2017 10 02 at 6.02 770x440

Играта, наречена SBKVR, не е иста како игрите за конзоли или компјутери. Сепак, додатокот на VR не само што ја прави посебна сама за себе туку и дава слика како оваа технологија би можела да се примени во следните вакви игри. Таа сега е достапна кај „Samsung Gear“, „Daydream“, и „Oculus“.

SBKVR исто така може да се игра на телефон или на таблет без VR. Играта можте слободно да ја симнете од интернет но доколку сакате да ги возите сите мотоцикли и да настапите на сите патеки тогаш ќе мора да платите за целосната верзија. Ширум светот, повеќе од 30 милиони лица веќе ја имаат симнато. Играта за мобилен телефон им овозможува на фановите на WSBK да возат како да се еден од 24 возачи од серијата и можат да настапат на сите 13 патеки од WSBK календарот. Иако сигурно нема да можете да го доловите истото чувство додека играте на телефон, сепак технологијата се развива во вистинскиот правец.

DigitalTales досега објави неколку видеа од нивната VR технологија и какво чувство ви нуди таа. Се надевам дека оваа технологија ќе се најде и во следната генерација на игри за конзолите.

Back To Top