Занимливости

Нови гласини за турбо проектот на Suzuki

Морав да ги разгледам претходните текстови кои ги имаме објавено за да видам кога прв пат пушувавме за „turbocharged“ верзијата на Suzuki. Колку за информација, поминаа четири години откако Suzuki за прв пат се појави со „Recursion“ концептот на мото шоуто во Токио.

Следете нè на:

 

Оттогаш, имаше многу малку информации за овој проект, особено во период кога за прв пат успеавме да видиме дел од дво-цилиндричниот 588cc концепт.

Но кога одговорните лица во Хамамацу ќе го објават овој турбо мотоцикл? Каков облик ќе има тој? Дали ќе биде дел од линијата мотоцикли на Suzuki или не? Ова се навистина добри прашања, а ние имаме одговори за нив, барем ако можеме да им веруваме на најновите гласини.

Suzuki Recursion Turbo Concept 04

Според едни информации кои ни доаѓаат од Грција, Suzuki планира да објави нов модел. Таканаречениот Suzuki GSX-700T се верува дека ќе има 700cc „XE7” „turbocharger“ мотор.

Ова е интересно и бидејќи спецификациите се совпаѓаат со информациите кои ги имаме за „Recursion“ концептот за кој беше соопштено дека има 588cc мотор. Во 2015 година, Suzuki дури и го заштити името „Recursion“ во Европа и САД.

Мотор со средна зафатнина, навистина би можел да блесне доколку му биде додаден турбочарџер и интеркулер. Но во зависност и од распоредот на елементите, мотоциклот дури би можел и да добие намалување на својата тежина.

Ова би можело навистина да му помогне на Јапонскиот бренд кој во моментов се соочува со проблеми, како во однос на продажбата така во однос на перцепцијата кај пошироката публика.

Веќе долго време зборуваме, но се чини дека Suzuki конечно излезе од рецесија. Сепак, сите овие работи во моментов се само гласини но се надеваме дека ќе се исполнат. За нов мотоцикл обично се потребни од три до пет години за да се стигне од концепт до производство, а во однос на тоа, се чини дека Suzuki е на вистинскиот пат. Но како и секогаш, времето ќе покаже дали ќе се оствари ова.

Suzuki Recursion Turbo Concept 05

Би можело да ве интересира

Макпетрол објави голем попуст на целата своја програма, вклучувајќи ги мотоциклите од Хонда, мото опремата и кацигите.

Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

На наш колега моторџија му е потребна помош, да се покажеме во вистинско светло во недела!

Викендов на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Фантастична борба за победата ја одбележа првата трка за ГН на Тајланд која му припадна на Марк Маркез.

Слободно можеме да кажеме дека новите модели кои ги прикажа Ducati за време на Intermot беа помалку резервирани.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.