Седиме покрај патеката и гледаме како BMW GS го прави она што најдобро го знае. Но, има една огромна разлика: Мотоциклот се движи сам.

Автономниот мотоцикл на BMW е развиен со цел да го намали бројот на несреќи. Користејќи GPS и радар за да се надгледува позицијата на возење како и целосно автоматски систем на возење, оваа машина може самостојно да вози на тркачка патека, да избегнува пречки па дури и сама да тргне и да застане. Иако во овој случај возачот воопшто не е потребен, од BMW велат дека не треба да не фаќа паника.

riderless bmw 1

„Можеме да ги менуваме брзините и да го управуваме мотоциклот без возач. Но нашата цел не е да направиме целосно автономен мотоцикл,“ изјави безбедносниот експерт на BMW, Стефан Ханс. „Овдека се работи на развој и ако можеме да направиме мотоцикл кој може да се справи со сите предизвици тогаш тој може да му биде од голема помош на возаот.“

„Техничкиот напредок во однос на безбедноста се развива многу побавно кај мотоциклите. На пример, ABS сопирачките најпрво се појавија кај автомобилите а дури десет години подоцна и кај мотоциклите. Контролата на тракцијата дојде дури 20 години подоцна. Автомобилите сега можат да интервенираат пред да се случи нешто опасно. Сакаме да го воведеме тоа и кај мотоциклите со цел во иднина да се избегнат несреќите.“

riderless bmw 4

Сите работи кои вообичаено би ги контролирал возачот, сега имаат електро-механичка контрола. Постои „steering actuator“ кој ја контролира патеката на движење, потоа автоматски кумплуг и менувач. Гаста „Ride-by-wire “ сега целосно се контролира преку компјутер, а има и потпирач кој самиот се повлекува штом  мотоциклот почне да се движи. Со помош на податоците кои доаѓаат од IMU како и од GPS системот, се овозможува мотоциклот да остане во исправена позиција. Секако, ова бара голем број на пресметки.

Мотоциклот исто така има и радар кој е многу сличен на системот кој спречува несреќи кај автомобилите. Тој му овозможува мотоциклот да ја забележи опасноста која доаѓа и соодветно да реагира.

Од BMW не сакаат да откријат кога оваа технологија ќе се најде кај нивните улични модели но може да се очекува ова да се случи во следните неколку години.

riderless bmw 3

Back To Top