motori zx-6rПатетичен крадец од Англија безсрамно го украл моторот на извесен Глен Хокинс додека тој лежел крај него тешко повреден од падот.

zx-6r

Патетичен крадец од Англија безсрамно го украл моторот на извесен Глен Хокинс додека тој лежел крај него тешко повреден од падот. Крадецот се однесувал како да ќе му помогне на повредениот но наместо тоа, му го украл новиот Kawasaki ZX-6R.

35 годишниот Глен Хокинс се здобил со скршена клучна коска, две скршени ребра и потиснати гради од падот во центарот на Бристол, Англија. 

Крадецот пришол до повредениот преправајќи се дека ќе му помогне, па најпрво го кренал моторот коментирајќи дека ќе го премести на страна од коловозот за да не го удри повторно некое возило, но наместо тоа, тој се качил на моторот и избегал.

„Кога би зборувал смирено, би рекол дека сум вознемирен. Но да бидам искрен, доколку го фатев сигурно ќе завршеше во болница и ќе лежеше до мене. Како и да е, сега само сакам да си го најдам моторот.“ - изјави Глен за весникот „Daily Mail“

Глен ја купил Нинџа-та пред непол месец, а дента кога се случила несреќата го носел моторот на првиот сервис.

Back To Top