Со произведени неколку милиони примероци од нејзиното прво претставување, дури и денес можете да најдете постар модел од овој мотоцикл по солидна цена. Но доколку ја сакате конкретно оваа Веспа, тогаш ќе мора да издвоите повеќе од 150 илјади евра.

Веспата е можеби најпрепознатливото превозно средство на две тркала на целата планета. Со произведени неколку милиони примероци од нејзиното прво претставување, дури и денес можете да најдете постар модел од овој мотоцикл по солидна цена. Но доколку ја сакате конкретно оваа Веспа, тогаш ќе мора да издвоите повеќе од 150 илјади евра.

oldest vespa scooter up for grabs might get auctioned for over 200k 116432 1

Токму така. Она што го гледате тука е еден од првите модели на Веспа или како што е опишана од аукциската куќа, оваа рамка со број 1003 е најстарата Веспа во моментов.

Припаѓа на „серијата 0“ што значи дека е дел од пред серијата која беше произведена во само 60 примероци. Веспата за која зборуваме е рачно изработена.

Судејќи според бројот на рамката, ова е третата веспа која некогаш била произведена. Броевите 1001 и 1002 во моментов не можат никаде да се најдат што ја прави оваа Веспа најстарата на светот.

Таа е комплетно реставрирана и поголем број од деловите изгледаат комплетно нови. Но оној кој ја правел реставрацијата решил да додаде нешто посебно.

Тој ја извадил првичната боја на скутерот и рамката ја заштитил само со лак. Оваа Веспа има едно цилиндричен 98 cc дво - тактен мотор.

Моделот се продава со сите документи за да се потврди неговата оригиналност. Во моментов, неговата цена на аукцијата достигна 162 500 евра, а се претпоставува дека конечната цена ќе достигне помеѓу 250 и 325 илјади евра. 

Back To Top