motori ducati-18Благодарение на нашите пријатели од Динамикс имавме прилика да го посетиме музејот на Дукати во Болоња, а притоа добивме и ексклузивна можност да влеземе во самата фабрика во која се произведуваат сите модели на Дукати.

 ducati-18

Благодарение на нашите пријатели од Динамикс имавме прилика да го посетиме музејот на Дукати во Болоња, а притоа добивме и ексклузивна можност да влеземе во самата фабрика во која се произведуваат сите модели на Дукати.

Нашиот домаќин ја започна приказната од самиот почеток на италијанскиот гигант. Верувале или не, Дукати е започната во 1937 како фабрика за електронски уреди. Првите производи од фабриката во Болоња биле транзистори и радио приемници, но откако во втората Светска Војна фабриката била срамнета со земја, челниците започнале да размислуваат за производство на она што во момент било нај неопходно, превозни средства. Во 1947 фабриката е обновена и се наоѓала во областа „Gorgo Panigale“ која порано била периферија, но со ширењето на градот сега целата област е дел од Болоња.

ducati-12 ducati-13

{gallery}ducati-retro{/gallery}

Фабриката во своите најдобри времиња имала 7000 вработени, иако во моментот во Дукати работат само 1000 работници и околу 200 во останатите експозитури низ светот. Сите мотори на Дукати се произведуваат во Болоња, но од минатата година, италијанскиот производител отвори мала фабрика во Тајланд, во која само се монтираат веќе произведените делови во Италија. Причината за оваа одлука е намалувањето на трошоците и даноците, а директна цел е пазарот во Азија. 

ducati-17Првиот агрегат кој бил произведен во Дукати бил мал мотор кој можел да се монтира на било каков велосипед, за веднаш потоа од фабриката да излезе и првиот велосипед со монтиран мотор. Првиот мотор „Cucciolo“ бил со зафатнина од 48цц, развивал 1.35кс, и достигнувал брзина од 50км/ч. Малото моторче било широко прифатено во јавноста бидејќи со 1 литар бензин можеле да поминат до 90км.

Сега во Дукати се произведуваат висококвалитетни мотоцикли со врвни перформанси, а фабриката е опремена со најсофистицирани машини за прецизно производство. Само неколку делови се набавуваат од партнерите на Дукати, се останато се произведува во самата фабрика. 

Потребни се 45 минути до 1 час за еден куп железо и гума да станат прекрасен Дукати мотоцикл, а производството на мотоцикли се движи помеѓу 80.000 - 220.000 парчиња годишно, во зависност од побарувачката и моделите кои се актуелни.

Секој мотор пред да излезе од производната лента се тестира на суво. Агрегатот е целосно приклучен на машини кои механички ја пробуваат неговата исправност. Така Дукати се осигурува дека секој мотор кој ќе излезе од фабриката е во беспрекорна состојба.

ducati-9

Во фабриката го видовме и моделот Diavel AMG кој е резултат на соработка помеѓу Дукати и Мерцедес, на секој модел стоеше број и потпис на човекот кој рачно го изработил. Само 750 парчиња од овој модел ќе бидат произведени, а имајќи го во предвид купувањето на Дукати од страна на Ауди, се чини дека ова ќе биде навистина лимитирана серија.

Сликањето беше забрането во фабриката но затоа можете да уживате во галеријата од музејот. {gallery}dukati-muzej{/gallery}

Обиколката ја завршивме полни со импресии од прецизноста и начинот на изработка на Дукати, како и од историјата која овој бренд го прави еден од најпосакуваните во светот. Повеќе ексклузивни детали и фотографии од Дукати Панигале ќе можете да прочитате и видите во следните денови.

Back To Top