Жолти суперавтомобили, разбирам. Целосно жолти мотори, не толку многу. Сепак, тоа е нешто што можеш да си го дозволиш кога си Ламборџини.

54203 

Жолти суперавтомобили, разбирам. Целосно жолти мотори, не толку многу. Сепак, тоа е нешто што можеш да си го дозволиш кога си Ламборџини.

Во осумдесетите години, кога Италијанскиот производител на супербрзи автомобили поминуваше низ криза, еден од тогашните сопственици реши дека е добро време да се произведат мотори. Соработувајќи со Францускиот производител на тркачки мотори, Boxer Bikes,  фабриката од СантАгата го произведе „Дизајн 90“ (одделот кој што бил задолжен за имињата на автомобилите веројатно бил на одмор).

Со 4 вентили по цилиндер, 1000cc кои произведуваат 130кс, овој футуристички, 180 килограми тежок мотор веројатно ќе може да се натпреварува со Ферари. Но рачно изработените алуминиумски рамки, машински произведените алуминиумски делови, лесниот алуминиумски резервоар за гориво, специјалните кочници и прилагодливата странична суспензија за масло и воздух не се воопшто ефтини. Комбинирани со бренд името на производителот, придонесе Дизајн 90 да се продава по цена од 13.500 американски долари, двојно повеќе од најскапиот мотор во тоа време.

Моторот на сликата, еден од шесте Дизајн 90 кои беа произведени, е во одлична состојба и има поминато само 15.000 милји и е одлично одржуван од неговиот сопственик кој е поранешен професионален тркачки механичар. ( Се прашувате за цената? Друг Дизајн 90 неодамна беше на продажба по цена од 50.000 долари)

Back To Top