Видеото започнува со претставување на производите на Kawasaki, односно едно лице како вози спортски модел во тунел. Но кога возачот излегува од тунелот, тој го вози концептот Ј.

Во 2013 година, за време на Мото шоуто во Токио, Kawasaki ни го претстави радикалниот концепт наречен „Ј“. Овој футуристички концепт, има четири тркала и може да ја смени рамката во зависност од условите во кои го возите. Ви треба поголема стабилност кога сте на автопат? Концептот се издолжува. Сакате да го возите низ град? Неговите тркала се шират за подобро управување.

kawasaki eicma2014 004

Чудно, нели. И ние мислевме така, а концептот за кусо време се заборави. Низ годините, од време на време тој повторно ќе се појавеше и ќе не изненадеше. Но не беше ништо посебно, само уште еден интересен концепт.

kawasaki eicma2014 005

Но пред неколку дена, на нашата е-маил адреса се појави едно видео кое ни го прати Kawasaki. Тоа е всушност промотивен материјал кој го содржи концептот Ј. И повторно не изненади. Видеото започнува со претставување на производите на Kawasaki, односно едно лице како вози спортски модел во тунел. Но кога возачот излегува од тунелот, тој го вози концептот Ј. Потоа има неколку футуристични сцени како на пример, соларна фарма, и голем број на интересни ефекти кои го претставуваат концептот. Сето тоа е надополнето со наратор кој ни кажува колку само е добар Kawasaki.

kawasaki eicma2014 007

Видеото завршува откако ни ги претставува „Upright“ и „Attack“ режимите. И толку. Нема никакви дополнителни информации. Не ни кажува дали ќе пристигне наскоро или дали можете да го нарачате кај вашиот продавач. Само обично видео за еден интересен концепт. Тоа е се во ред, но само се прашувам зошто? Зошто Kawasaki ни праќа вакво видео после четири години откако за прв пат дебитираше овој концепт. Дали инжинерите на компанијата работат на овој проект? Дали наскоро тој ќе се појави во продажба? Дали Kawasaki само сака да не потсети колку се тие добри? Тешко е да се каже, но ако нешто дознаеме, бидете сигурни дека вие први ќе дознаете.

Back To Top