Сите се сеќавате на деведесетите години кога јаглеродните влакна (карбон) станаа многу популарни. Пред петнаесет години јаглеродот се користеше за производство на многу работи, но во последниве неколку години тој е заменет со титаниум.

karbon-vo-boja

Кај нас сеуште се актуелни карбонските фолии бидејќи вистинскиот карбон е прилично скап, а сега американската компанија „Продрајв“, креираше нов процес со кој можат да ги обојат јаглеродните влакна. Поради тоа концептот би можел да доживее ренесанса, а цената на карбонот се очекува да се намали.

Од компанијата велат дека еден европски производител на луксузни автомобили веќе е заинтересиран, и дека очекуваат материјалот да се користи во многу работи, од бродови до авиони.

Иан Хандскомбе од Продрајв изјави: „Ја потврдивме техниката со примероци од навистина прекрасна, темна нијанса на црвена и маслинесто зелена боја.“ Toa e значително подобрување од конвенционалните трим бои.

Би биле изненадени доколку не видиме нешто вакво на моторите во рок од неколку години.

Back To Top