Еве уште една причина зошто треба да почнете да возите мотоцикл. Едно ново истражување спроведено во Велика Британија открива дека ќе имате помало ниво на стрес доколку возите мотоцикл отколку било кое друго превозно средство.

Еве уште една причина зошто треба да почнете да возите мотоцикл. Едно ново истражување спроведено во Велика Британија открива дека ќе имате помало ниво на стрес доколку возите мотоцикл отколку било кое друго превозно средство.

Осигурителната компанија „Lexham“ неодамна спроведе истражување меѓу возачите во Велика Британија. Според податоците, возачите кои на работа пристигнуваат со мотоцикл имаат помало ниво на стрес отколку возачите кои патуваат со други превозни средства.

vozenje motor

Истражувањето беше направено на 2000 лица на кои им беше поставено прашањето: Кои методи на патување ви предизвикуваат најмногу стрес?

Како што можете да претпоставите, автомобилите се на првото место и за нив се одлучиле 41 процент од испитаниците. Одговорот зошто е тоа така бил дека тие се насекаде и постојано има гужва во сообраќајот.

На второто место се автобусите со 37 проценти бидејќи и тие заглавуваат во гужва, а покрај тоа треба да се возите со секакви луѓе. На третото место е метрото со 26 проценти, а како причина е наведено честото доцнење и преполните вагони.

Велосипедите се на четврто место со 8 проценти. Со нив многу лесно се управува и не им треба никакво гориво освен постојано вртење на педалите. Покрај тоа со нив лесно се избегнува гужвата. Но сепак можете многу лесно да се изнервирате доколку некој возач не ве забележи на патот.

За крај, мотоциклите беа прогласени за најмалку стресно превозно средство со освоени 6 проценти од гласовите. Можноста лесно да ја избегнете гужвата, прекрасниот звук на моторот како и слободата која ја нуди возењето мотоцикл е многу подобра опција отколку да седите во некој метален оклоп со или без други патници.

Ова е повеќе лично искуство. Дури и покрај тоа што од време на време некој несовесен возач ќе ви предизвика проблем, за многу кратко време ќе заборавите на тоа кога ќе видите како сите други околу вас чекаат во ред, а вие безгрижно поминувате.

Back To Top