Занимливости

Има 91 година и сѐ уште вози мотоцикл

Како што можете да забележите по огласите за продажба на мотоцикли, возраста се повеќе ги принудува возачите засекогаш да се откажат од своите мотоцикли.

Следете нè на:

 

Но таков не е случајот со 91 годишната Мириам Бергер која и покрај возраста се уште вози мотоцикл. Она што ја прави оваа приказна уште поинтересна е фактот дека Бергер не вози некој мал мотоцикл туку таа поминува голем број на километри со Honda Gold Wing 2003 кој е преправен и сега има три тркала.

20182F052FScreen Shot 2018 05 22 at 12.11.00 AM

Таа израснала на фарма во Индијана со татко кој бил многу заинтересиран за мотоциклите. Кога имала само дваесет години, заедно со татко и купиле Matchless 1947. Веќе на 23 години се омажила за лице кое исто така било голем ентузијаст за мотоциклите. Веднаш после свадбата тие купиле фарма, која исто така се наоѓа во Индијана каде што сѐ уште живее. Двајцата заедно своите одмори ги поминувале патувајќи од едно до друго место со Georgie Boy Pursuit RV.

Сменила неколку работни места се додека не добила позиција во Magnavox каде што останала да работи 40 години. Веднаш по пензионирањето таа се впуштила во авантура и досега посетила 47 од вклупно 49-те континентални држави кои ги има во САД. Во 1998 година починал нејзиниот сопруг но таа продолжила да патува.

Член е на Red Hat Society, Fort Wayne Street Rod Association, а веќе 65 години е дел од националната асоцијација Motor Maids Inc. На 1-ви јули 2018 година ќе наполни 92 години и планира да вози до Алабама и да биде дел од Motor Maids конвенцијата.

Во текот на нејзината возачка кариера која се протега седум децении, таа возела Indian single, 57 Triumph, 63 Honda Dream, 67 BMW, 78 Honda GL1000 Gold Wing, 83 Honda Silver Wing, 83 Honda Gold Wing . Во моментов има 2003 Gold Wing кој што го преправила да има три тркала.

Извор: NewsSentinel

Би можело да ве интересира

Макпетрол објави голем попуст на целата своја програма, вклучувајќи ги мотоциклите од Хонда, мото опремата и кацигите.

Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

На наш колега моторџија му е потребна помош, да се покажеме во вистинско светло во недела!

Викендов на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Фантастична борба за победата ја одбележа првата трка за ГН на Тајланд која му припадна на Марк Маркез.

Слободно можеме да кажеме дека новите модели кои ги прикажа Ducati за време на Intermot беа помалку резервирани.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.