Дали е можно да се стави мотор од Panigale во малиот рам на MSX125? Можеби ви е тешко да поверувате, но тој скоро совршено одговара.

Производителот на кастм мотоцикли, Марио Клеф сакаше да му покаже на светот дека „Grom“ може да биде навистина добар и покрај тоа што има само 9кс. Тој зема мотор од Panigale 1199 и го вметна во малата рамка на MSX 125. Можеби ви е тешко да поверувате, но тој скоро совршено одговара.

Honda MSX 125 стана „Mod Dam“ и доби малку на тежина. Од мотоцикл кој тежи 102 килограми порасна на 137 килограми, но и останатите перформанси значително се подобрија.

ducati 1199 panigale powered honda grom is as insane as it gets 8

Mod Dam повеќе не се обидува да достигне најголема брзина од 105km/h. Сега тој може да постигне 320 km/h. Исто така и ограничувањето на брзината е отстрането.

Шасијата на Grom не беше во можност да го прифати моторот на Panigle 1199 па затоа Клеф мораше да изработи посебна рамка за моторот. Всушност, тој го ископира начинот на кој се направени мотоциклите на Ducati.

Поради малите димензии на мотоциклот, Клиф мораше да го премести ладилникот кој се наоѓаше под седиштето. Исто така и растојанието меѓу оските беше зголемено за еден сантиметар.

Клиф мораше да изработи и комплетно нов издувен систем, а резултатот е неверојатен. И покрај тоа што мораше да има одредени ограничувања, конечниот резултат му даде навистина агресивен изглед на мотоциклот.

За жал, никогаш нема да дознаеме колку ќе може да постигне Mod Dam 1199 Panigale бидејќи моторот се запали. Поради проблеми со дотокот на гориво, мотоциклот комплетно изгорел.

Незамисливо, но сепак, Марио купил уште еден 1199 Panigale R и планира да направи нов Grom.

 
Back To Top