Што ќе добиете ако ги искомбинирате Street Rod 750, опрема за снег и механичари кои си ја знаат својата работа? Одговорот секако е дека ќе добиете одличен мотоцикл со кој ќе можете да возите на снег.

Неодамна пишувавме за новиот настан кој го организираше Harley – Davidson, „Snow Hill Climb“, кој се оддржа во Аспен.  Се чини дека од компанијата не го планирале само овој настан, туку имале и уште нешто друго на ум. Harley ги ангажираше Арон и Шон Гуардадо од „Suicide Machine“  за да изработат мотоцикл кој ќе ги превезува учесниците за време на настанот.

IMG 9438

Едно од првите нешта кое го прашав директорот за Маркетинг на Harley, Скот Бек, е која е целата поента на настанот. Искрено, кога помислувам на Harley, првото нешто што ми паѓа на памет е возење на автопат. Бек ми одговори дека целта на ваквите настани како и на ваквите модели е да им се покаже на луѓето колку само возењето мотоцикл може да биде интересно.

„Веќе 115 години ние сме дел од светот на мотоциклите. Се имаме тркано на мраз, а исто така се имаме искачено и речиси на секој рид. Ова е само уште еден начин да ги доближиме мотоциклите до луѓето. Ги познаваме нашите возачи, фановите на X Games и знаеме дека ја делат истата пасија кон адреналинот и брзината.“

image3

Тоа е се во ред, но сигурни сме дека сакате да дознаете нешто повеќе за мотоциклот, така?  За среќа разговаравме со Арон Гуардадо со цел да дознаеме како се направени овие машини и што ги прави толку посебни.

Овој проект, двајцата браќа го почнаа со моделот XG750 Street Rods. Веднаш потоа започна потрагата по делови. Набрзо открија дека многу е тешко да се дојде до вакви делови бидејќи тие се продаваат веднаш во овој период од годината. По некое време успеаа да дојдат до два „Camso DTS-129“.

image2

Ако не сте знаеле, опремата која ги поврзува овие делови е специјално направена за оф роуд мотоциклите. Тоа значи дека мотоциклот ќе треба да биде модификуван со цел да успее овој проект. Првото нешто што го направија момците беше да ги отстранат вилушката, задното тркало како и амортизерите. Потоа го поврзаа задниот дел со мотоциклот. Ова се покажа како малку потешко бидејќи тој беше поширок и не можеше добро да се намести ланецот. Со помош на еден нивни пријател, кој исто така е механичар, браќата успеаа да додадат неколку работи на ланецот и да го поврзат со мотоциклот.

IMG 7912

Напред, тие го отстранија предното тркало и амортизерите и на нивно место ги поврзаа скиите. Сепак, тие имаа бела боја, а нели сите знаеме дека црната најдобро им одговара на мотоциклите. Затоа тие се одлучија повторно да ги обојат, а тоа делува и како дополнителна заштита.

Во односна перформансите, браќата одлучија малку да го појачаат мотоциклот, а исто така и да му дадат нов, модерен, кумплуг.  Со цел да се подобри преносот на моќта и да се направи овие мотоцикли да бидат полесни за управување, тие ја заменија гаста со Radius X auto.

image11

Откако машините беа готови, дојде време за нивно тестирање. За жал, бидејќи нема снег во Калифорнија, мотоциклите беа тестирани на плажа и во работилницата. А бидејќи на крај се беше во ред, мотоциклите беа транспортирани во Аспен каде го покажаа целиот свој потенцијал.

Арон ми кажа дека и покрај целиот стрес кој го имале за на време да завршат со изработката на овие мотоцикли, сепак се горди од конечниот производ.  Морам да признаам, овие мотоцикли се навистина интересни. Навистина се далеку од вообичаените работи кои ги сретнуваме кај рачно изработените модели на Harley но тие ја покажаа и универзалноста на „Street Rod“ платформата.

Извор: RideApart

Back To Top