Гај Мартин и легендарниот Формула 1 возач Дејвид Култхард имаа една слалом трка и еден тест за сопирање со BMW S1000RR наспроти F1 болид.

При крајот на Март ви покажавме две интересни видеа од натпревари меѓу телевизиската ѕвезда и натпреварувач Гај Мартин и легендарниот Формула 1 возач Дејвид Култхард. Двајцата возачи продолжија да се забавуваат на легендарната патека „Silverstone“ во Англија. Тие имаа една слалом трка и еден тест за сопирање.

Еден од новите предизвици беше тестот за сопирање. Еден покрај друг, двајцата натпреварувачи возат со брзина од 160 километри на час, а штом ќе стигнат до целната линија тие мора да запрат најбрзо што можат.

david coulthard shows how his f1 car outbrakes guy martin s bmw s1000rr 5

Не е изненадување тоа што на првата трка победи Култхард кој го возеше неговиот F1 Red Bull болид. Тој беше за една секунда подобар и за 24 метри пократок од Мартин кој се натпреваруваше со BMW S1000RR. Лесно може да се пресмета зошто F1 болидот секогаш ќе биде подобар при запирање од било кој мотоцикл. Пневматикот на мотоциклот е далеку помал отколу пневматикот на F1. Болидот има четири такви тркала сите опремени со дискови за сопирање и моќни кочници. Што е уште поважно, болидот може да ги закочи сите свои тркала и се уште да биде безбеден.

Мотоциклот не смее да го загуби контактот со површината, а доколку ги закочи тркалата, тогаш големи се шансите да падне.

Сепак, кога станува збор за слалом трките, големината на болидот претставува негов најголем хендикеп. Ниту неговата моќ, пневматиците и големото знаење на Култхард не можеа да направат никаква промена. F1 Red Bull болидот едноставно е премногу голем за да се натпреварува на ваков предизвик со мотоцикл.

BMW S1000RR без никаков проблем ги поминуваше препреките. Благодарение на помалата должина и ширина на мотоциклот, Гај Мартин успеа да го победи Култхард со голема разлика.

Овој натпревар немаше за цел да покаже кој е подобар туку да ги објасни разликите меѓу двете машини. Ние уживавме додека го гледавме видеото, а се надевам исто и вие. 

Back To Top