Ако сте лојален сопственик на Zero Motorcycle- и покрај неколкуте повлекувања од продажба на фалични модели на производителот на електрични мотори  – вие ќе бидете наградени за вашата верност.

zeromotorcycleapp

Ако сте лојален сопственик на Zero Motorcycle- и покрај неколкуте повлекувања од продажба на фалични модели на производителот на електрични мотори  – вие ќе бидете наградени за вашата верност.

Компанијата од Санта Круз само што објави апликација за IOS и Android која обезбедува страница со вредни статистички податоци за вашето возило. Можете да изберете да ви ги кажува бројот на вртежи, температурата и други работи за време на Riding Mode, а откако ќе завршите со возење можете да се вратите на Statistic Mode за да добиете податоци како на пример, колку пари за бензин би потрошиле доколку не го користевте Zero.

Доколку ја немате, сеуште можете да ја користите апликацијата во демо верзија за да видите како функционира. Апликацијата се поврзува со моторот преку Bluetooth и е достапна бесплатно преку App Store и Google Play.

Back To Top