Компјутерскиот магазин PCMag направи интервју со главниот за центарот за дизајн на Piaggio, креаторот на Ducati Monster, Aprilia RSV4, Cagiva Raptor и Moto Guzzi California 1400.

Напредниот дизајнерски центар на Piaggio кој е дел од 130 годишната историја на компанијата е сместен на најгорниот кат на зградата и има прекрасен поглед кон стариот дел на Пасадена, Калифорнија. Црвени цигли и прекрасен Италијански стил но за големо изненадување, нема салон во кој се изложени Веспа скутерите како и Guzzi мотоциклите. Но има Италијански ресторан па дизајнерите немаат потреба да одат предалеку за да го испијат своето кафе.

MIGUEL GALLUZZI INTERVIEWED

Одговорен за центарот е дизајнерот Мугуел Галуци кој е познат по креирањето на Ducati Monster, Aprilia RSV4, Cagiva Raptor и Moto Guzzi California 1400. Аргентинецот, образованието го стекна на колеџот за дизајн во Калифорнија, помина дел од својот живот во Азија и Италија пред да се врати во Лос Анџелес во 2012 година и да го отвори центарот.

Заминавме во Пасадена да поразговараме со Галуци и да ги откриеме неговите предвидувања за тоа каква ќе биде иднината на мотоциклите.

Мигуел, дали веруваш дека возењето на две тркала е подобро отколку на четири?

- Да, верувам и постојат многу причини кои го потврдуваат тоа.

Во голем број на земји од светот мотоциклите се единствениот начин за движење низ големиот сообраќаен метеж.

- Токму така. Видете вака, јас сум дел од светот на мотоциклите уште од 1967 година. Превозните средства на две тркала имаат голем број на предности. Piaggio долго време е  дел од овој бизнис, уште од Втората Светска војна, и им помага на луѓето овозможувајќи им мобилност при патувањето од и до своите работни места.

Зошто одлучивте да го креиратe Напредниот Дизајнерски центар во Пасадена?

- Директорите во Италија беа изненадени кога им ја предложив Пасадена. Нив Калифорнија ги асоцира на плажа. Им кажав дека светот брзо се менува и ние мораме да бидеме на местото каде што се случува тоа, каде што околу 160 култури од целиот свет живеат заедно. На пат кон работа постојано се среќавам со секакви култури и слушам секакви јазици. Тука гледаме како се случуваат промените. На пример, после финансиската криза во 2008 година, голем број на млади лица одлучија да ги продадат автомобилите и да почнат да возат велосипеди, нешто што дотогаш беше незамисливо. Тоа за прв пат се случи тука, а потоа се прошири и низ останатиот дел од државата.

569067 ducati monster

Младата генерација не е толку заинтересирана да има сопствен автомобил.

- Како компанијата мораме да се движиме во друга насока, а тоа не се автомобилите. Во моментов работиме на неколку насоки, тоа би можело да биде следната генерација на Moto Guzzi или на Vespa или пак нешто сосема ново. Но дефинитивно не живееме во светот во кој јас израснав. После војната се беше возможно, но сега е различно. Мојот татко знаеше да го отвори прозорецот на автомобилот за да ја фрли цигарата. Како возрасен, дел од мојот живот поминав во Италија и Германија и работите кои ни беа за фрлање ги рециклиравме. Мојот син сега живее во свет каде што рециклирањето е составен дел од животот. Колку повеќе идеи имате толку подобро. Навистина сум фокусиран да разберам што децата кои денеска имаат по 14 години ќе сакаат да возат во иднина. Тие не се грижат за моќноста на мотоциклот и дали се сопственици на возилата. Тие се поразлични, се грижат за животната средина и алтернативната енергија.

Дали имате некои специјални производи кои се развиени за оваа генерација?

- Да, на пример го имаме развиено Wi-Bike, велосипед со мотор, трансмисија и батерија. Исто така има и специјална заштита за да не ви го украдат. Во 2016 година пак ја претставивме првата електрична Веспа што претставува значајно достигнување за компанијата.

569063 piaggio wi bike

Веспите се популарни во Азија

- Од 2007 година постојано патувам во Виетнам, поточно во Ханој, бидејќи таму развиваме скутери кои се наменети за меѓународниот пазар. Средната класа во Азија забрзано расте. Но она што е интересно, тие дури и да можат да си дозволат автомобил, имаат сосема  поинаков пристап кон животот. Поради големиот сообраќаен метеж, повеќе се заинтересирани за превозните средства на две тркала.

Една од вашите задачи тука е соработката со следната генерација на дизајнери. Можете ли да ни кажете нешто повеќе околу тоа?

- Тоа е една од причините поради која сме во Лос Анџелес, близината до дизајнерските училишта. Пред неколку години спонзориравме дел од школата за дизајн каде што дипломирав во 1986 година. Тоа беше едно од најдобрите искуства во мојот живот. Можеби не научив премногу работи но ми помогна да го изградам мојот стил, ме научи како да ги решавам проблемите и како да се фокусирам на естетиката. Разликата е во пристапот, начинот на кој работите, да научите дека единствениот лимит е во вас самите. Тоа е неверојатна средина и сакав да го пренесам тоа влијание и во нашите канцеларии преку соработка со студентите.

569064 piaggio imove

Дали гледате иднина во автономноста на мотоциклите?

- Не, не. Дозволете ми да ви објаснам. Мотоциклите се пасија. Децата кои денеска купуваат мотоцикли, особено оние кои имаат постар изглед, го прават тоа за да се доближат до нешто што го имаме изгубено. Исто како и со плочите, сакаме повеќе да се доближиме до аналогната технологија.

Плус, на интернет можат да видат голем број на видеа и да научат сами да го расклопат и поправат мотоциклот.

-Токму така. Кога јас растев во Буенос Аирес, морав да патувам 45 минути за да купам едно списание за мотоцикли. Да напоменам дека тие беа од три до шест месеци стари. Но тоа беше единствениот начин да ја задоволам мојата страст за мотоциклите. Денеска младите луѓе се неверојатно поврзани и се им е достапно само преку притискање на едно копче. Тоа е неверојатно.

569065 vespa elettrica

Каква е вашата визија за иднината?

- Ние сме на самиот почеток на употребата на алтернативната енергија кај мотоциклите. Во мојот дом во Калифорнија, имам соларни панели . Мојата визија за иднината е кога таа енергија ќе можам да ја складирам и потоа да ја употребам за да го наполнам мотоциклот. Да возам до работа, да го оставам мотоциклот да се полни и потоа повторно со него да се вратам дома. Тоа ќе не направи независни од фосилните горива.

И најважниот дел, тие ќе имаат прекрасен италијански стил.

- Секако :)

Извор: PCMag

Back To Top