Занимливости

Aprilia ќе користи кацига со проширена реалност

Проширената реалност полека но сигурно го наоѓа патот во нашите животи. Од дисплејот во вашиот скап автомобил, неуспешниот обид со Google очилата па се до неодамнешните нови кациги за мотоциклистите, најнова вест е дека сега таа ќе биде присутна и во гаражите на Aprilia.

Следете нè на:

 

Проширената реалност полека но сигурно го наоѓа патот во нашите животи. Од дисплејот во вашиот скап автомобил, неуспешниот обид со Google очилата па се до неодамнешните нови кациги за мотоциклистите, најнова вест е дека сега таа ќе биде присутна и во гаражите на Aprilia.

augmented reality in aprilia racings paddock making work easier 120268 1

Aprilia Racing склучи договор со Realmore, бизнис единица на групацијата Equent Media, со цел да изработи софтвер кој ќе биде дел од паметната кацига DAQRI. Направата ќе треба да им помогне на механичарите за време на подготовката и оддржувањето на тркачките мотоцикли.

augmented reality in aprilia racings paddock making work easier 2

Со новата технологија, механичарите на Aprilia ќе можат да ја визуелизираат содржината поврзана со параметрите на мотоциклот и со иконографијата, а исто така, во реално време, таа реагира на внесените промени. На пример, техничарите можат да комуницираат со различните модели на конектори и да ги видат можностите за поврзување со тоа што ќе го видат секој конектор посебно. Ова ја забрзува постапката на поврзување а исто така ја намалува и можноста за грешки.

augmented reality in aprilia racings paddock making work easier 4

Со помош на 3Д холограм од целиот мотоцикл, механичарите ќе можат во реално време да ги видат податоците за температурата на водата, маслото и пневматиците. Тие ќе можат и да проценат кога ќе биде време за нивна промена.

augmented reality in aprilia racings paddock making work easier 5

Главниот механичар ќе може директно да комуницира со механичарите и да им помага при изборот на пневматици или пак колку гориво да внесат во мотоциклот. Уште една одлична функционалност е интегрираната термичка камера која овозможува да го скенирате мотоциклот и да ја видите температурата на маслото или пак да видите дали има некаква аномалија на мотоциклот.

Оваа технологија за прв пат почна да се употребува за време на MotoGP викендот кој се оддржа во Мисано од 8ми до 10ти септември.

Би можело да ве интересира

Макпетрол помогна во организацијата на „1st Skopje Vespa Days“.

Голем број на договори беа продолжени во пресрет на Француската MotoGP трка, а еден од нив е и оној на Алеш Еспаргаро кој го продолжи договорот со Aprilia и ќе остане дел од тимот се до 2020 година.

Алекс Ринс ќе остане дел од тимот на Suzuki MotoGP и во следните две години.

Петтата трка од МотоГП шампионатот викендов се вози на патеката Ле Ман во Франција.

Сега откако CBR650F помина веќе одреден период на пазарот, Honda одлучи да му ги отстрани пластичните делови. Новиот модел има подолги рачки и веќе може да се најде во салонот на Макпетрол во Скопје.

После двојната победа на патеката во Имола, Џонатан Реа ги постави основите за освојување на неговата четврта последователна титула во Светскиот Супербајк шампионат.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!