И покрај тоа што живееме во модерно време, фантастичните приказни не се дел од минатото. Еве една таква која ни доаѓа од Џорџија, САД.

63 годишниот мотоциклист Роланд Хауард Гоф го возел мотоциклот Honda VTX1300 2003 во близина на својот дом кога доживеал судир. И покрај тоа што судирот не бил посебно опасен, она што следувало потоа е како сценарио за филм.

motor zaroben 8dena

После судирот, Гоф останал заробен под својот мотоцикл. Поради тежината на моторот (339 кг), тој не успеал да се извлече од под него.

Не е познато дали Гоф со себе имал мобилен телефон или дали не бил во можност да се јави и да побара помош, но останува фактот дека тој останал заглавен под својот мотоцикл осум дена.

Во текот на тие денови, тој пиел дождовница и јадел „се што успевал да дофати во близина“ - како што стои во полицискиот записник.

Еден негов пријател, Вилијам Шулц, забележал дека Гоф е недостапен неколку дена и тргнал да го бара. Откако го пронашол, тој веднаш повикал полиција која го однела дехидрираниот возач во најблиската болница.

Од болницата изјавија дека Гоф се наоѓа во стабилна состојба но бил многу дехидриран и имал рани кои биле неколку дена стари. Десната нога му била многу лошо повредена но докторите сепак соопштија дека постои голема можност да не треба да ја ампутираат.

Среќа што господинот Гоф има такви добри пријатели. Исто така поука од оваа приказна е секогаш во близина да имате мобилен телефон кој што ќе можете да го употребите во случај на несреќа. А токму ова е и главната причина зошто некои производители, како што е BMW, развиваат автоматски систем за итни повици...

Back To Top