Израелската компанија „Ride Vision“ претстави систем кој му овозможува на вашиот мотоцикл да ве предупреди на можноста од сообраќајна несреќа.

Софтверот кој го има овој систем ги интерпретира информациите кои ги добива од камерите кои ги има на вашиот мотоцикл и со светло кое трепка ги предупредува возачите.

Напредниот Систем за Помош на Возачите (ADAS) досега беше главно фокусиран на превозните средства на четири тркала, но софтверот на компанијата, чие што вистинско име е „Collision Aversion Technology “ има за цел да го промени тоа.

ride vision

Ури Лави, ко-основач и извршен директор на Ride Vision:

„Промената е технолошка. Навистина е голем предизвик да се додадат промени кои бараат дополнителни финансиски средства, простор или тежина, или пак кои бараат голем број на точки на гледање.“

„Знаеме дека мотоциклите се уникатни превозни средства и поради тоа бараат уникатни решенија. Јасно ни е дека анализата на однесувањето на мотоциклите како и анализата на можните закани е различна кај автомобилите во споредба со мотоциклите. Ја оддржуваме важноста на едноставноста кај мотоциклите, а во исто време и ја зголемуваме со помош на софтверот. На возачите им обезбедуваме дополнитени безбедности инструменти. “

Back To Top