Вашите пријатели постојано ви велат дека возењето мотоцикл е опасно. Да им покажеме дека грешат.
Статистиката која е објавена во САД вели дека изминатата година од управување на мотоцикл загинале 4.957 лица. Прилично голема бројка нели? Сепак да ги видиме работите кои луѓето ги прават секојдневно и според статистиката се многу по веројатни да ве убијат отколку возењето мотоцикл.
Листа на 13 секојдневни работи кои се поопасни од возење мотоцикл
Алкохол: 25.692 лица умреа во САД минатата година од труење со алкохол.
Цигари: 440.000 лица умираат во САД секоја година поради болести поврзани со цигарите.
Грип: 48.614 Американци умреа од грип минатата година.
Праќање пораки: Во 24% од сударите со фатален крај учествувале возачи кои или зборувале или праќале порака на својот мобилен телефон.
Пад: 25.000 умираат секоја година при паѓање.
Отров: 39.000 луѓе умираат секоја година од отрови што ги чуваат дома или од лекарства.
Чад од цигари: 49.000 лица умираат во САД секоја година поради чадот од цигарите.
Оружје: Од огнено оружје во САД секоја година умираат 31.940 лица. Поголемот дел се самоубиства.
Здравствена грижа: Најмалку 98.000 Американци умираат секоја година поради медицински грешки.
Секс: 20.000 Американци умираат секоја година од сексуално преносливи болести.
Дрога: 17.000 Американци годишно умираат од дрога.
Дебелина: 400.000 Американци умираат секоја година поради лоша исхрана и физичка неактивност.
Вашето купатило: Речиси 9.000 Американци беа убиени од нивното купатило во 2015 година.
Извор: rideapart.com