Занимливости

10 чудни мото рекорди

Технологијата кај мотоциклите како и инжинерингот значително се подобрија во изминативе години. Овој напредок овозможи постојано уривање на рекорди во категории како што се брзина и растојание.

Следете нè на:

 

Но колку и да се импресивни тие работи, сепак денеска нема да зборуваме за тоа. Нашето внимание овој пат ќе го посветиме на малку почудни рекорди, од кои за поголем дел веруваме и дека воопшто не ни знаевте дека постојат. Без да образложуваме премногу, ајде да видиме кои се тие.

Најдолг мотоцикл

Постојат голем број на рекорди во кои е вклучен зборот „најдолг“. Најдолго поминато растојание, најдолго возење на едно тркало, итн. Но на 12-ти март 2013 година, Индиецот Баратсин Пармар влезе во книгата на рекорди со најдолг мотоцикл на светот. Неговата должина изнесува 16,5 метри.

Screen Shot 2018 05 04 at 7.19.05 AM

Најтежок мотоцикл кој бил носен по скали

Не знам како само некој се сетил на нешто вакво, но очигледно има секакви луѓе на светот. А токму таква личност е Монтистар Агаравал кој на 21-ви јуни 2014 година, осум скали нагоре и надоле го носеше својот мотоцикл кој тежи 110 килограми.

Screen Shot 2018 05 04 at 7.30.38 AM

Најголемо растојание поминато на скутер со зафатнина од 49cc

Ова веројатно е најмалку бизарнииот рекорд кој ќе го прочитате на оваа листа, но во секој случај е сепак чуден. Како некој што претходно имал ваков скутер, не ми се верува дека некој се одлучил да помине преку илјада километри со него. Но токму тоа го направи Лојд Вема кој на 14-ти Јуни 2014 година откако одлучи да помине 1900 километри. Овој рекорд беше поставен на патот од Портланд до Лос Анџелес.

bada8a1bb5099a6b790d15e6fac3c57f

Балансирање со мотоциклот на вашата глава

Ова е уште еден чуден рекорд иако мораме да признаеме дека луѓето кои ќе се обидат да го срушат сигурно имаат некакви проблеми со оглед на опасноста на ваквиот подвиг. Во моментов рекордот го држи Филипинецот Џерард Џеси кој на 15-ти мај 2015 година балансираше со мотоциклот 14.93 секунди, со што постави нов рекорд.

Screen Shot 2018 05 04 at 7.31.12 AM

Најдолго влечење на канцелариски столчиња со мотоцикл

Ова е уште еден рекорд кој спаѓа во категоријата „никој друг не се обидел нешто вакво“. Се до моментот кога дознав за овој рекорд, не знаев дека тоа воопшто се прави. Но кога на едно место ќе соберете доволен број на луѓе кои немаат што друго да прават, дури и вакви цели стануваат реалност. Токму тоа го направија студентите од колеџот Дристар во Холандија. На 22-ри јуни 2010 година, дваесет и двајца студенти направија „воз“ од канцелариски столови и беа влечени од постар модел на Yamaha. Иако движењето беше бавно, сигурен сум дека со помоќен мотоцикл тоа ќе се одвива далеку побрзо.

Screen Shot 2018 05 04 at 7.36.31 AM

Најбрзо влечење со мотоциклите

Ова е уште еден од оние рекорди кои не се стрикно поврзани со некаква вештини туку со храброст. Гери Ротвел одлучи Suzuki Haybusa да го влече при брзина од 156.3 километри на час и затоа тој е сопственик на светски рекорд а ние не сме. Ротвел го направи тоа додека носеше чизми кои имаа титаниумски плочки со големина од 2 милиметри. Рекордот е уште поимпресивен ако се знае дека Ротвел цело време се држеше за рачките наменети за совозачот.

Вежбање со Yamaha XT 350

Отсекогаш сум сакал специфични рекорди. На еден или на друг начин, сите сме светски рекордери. Јас сум уверен дека најмногу пати го имам поминато мостот во близина на мојата куќа со црна GSX-R600. На 4-ти март 2012 година, Џеј-Ти Хол од Колумбус, Охајо влезе во книгата на рекорди откако успеа 26 пати да го крене Yamaha XT350. Во реалноста, јас не би можел да го направам ова но Хол успеа дваесет и шест пати да крене во воздух мотоцикл тежок  264.5 килограми.

Screen Shot 2018 05 04 at 7.43.29 AM

Најдолго влечење на два мотоцикли (жени)

Има некои навистина неверојатни рекорди во оваа категорија. Најдолго влечење на четири мотоцикли, најдолго влечење на Harley со една рака, најдолго влечење на мотоцикл со заби и уште многу други. Но овој рекорд е малку поспецифичен бидејќи беше поставен од страна на жени. На 25-ти август 2012 година Џули Муди од Вилмингтон, Северна Каролина, стана светски рекордер откако влечеше два мотоцикли со зафатнина од 1500cc, една минута и дваесет и три секунди.

Screen Shot 2018 05 04 at 7.56.14 AM

Најмлад возач кој бил дел од „The Globe of Death“

Уште еден рекорд кој доаѓа од Америка. Иако би сакал да ги опоменам родителите на детето бидејќи е дел од нешто вакво, мораме да кажеме дека тој припаѓа на семејство кое со генерации работи во циркус. Четири и пол годишниот Максимус Гарсија на 16-ти август 2006 година стана најмладиот возач кој бил дел од “Globe of Death”. Тој заедно со своето семејство единаесет месеци во годината настапува на вакви настани.

Screen Shot 2018 05 04 at 8.09.05 AM

Најдолга релација помината додека стоите и возите во исто време

Мотоциклот секогаш сака да остане исправен. Ова прави да стоите и да возите во исто време релативно лесно но работите стануваат многу покомпликувани доколку сакате да поминете голем број на милји на тој начин. На 5-ти декември 2015 година, Индиецот Ратеш Паднеј постави нов светски рекорд откако стоејќи помина 32 километри со својот Honda Unicorn.

968329

Бонус: Најбрзо возење мотоцикл на едно тркало на јаже

Овој рекорд е навистина специфичен. Кога прв пат слушнав за ова си го замислив возачот како вози по јаже. Но треба да кажеме дека мотоциклот нема класична задна гума туку еден специфичен систем. Под мотоциклот пак се наоѓа друго лице кое држи еден вид на баланс. Поради големиот број на уреди кои беа применети, морам да признаам дека не сум сигурен дали рекордот припаѓа во оваа категорија. Германецот Јохан Трабер во мај 2006 година возеше на едно тркало на јаже и сето тоа при брзина од 53 км на час. Без разлика на тоа дали сметаме дека видеото припаѓа во оваа категорија, мораме да признаеме дека е неверојатно.

Би можело да ве интересира

Нашиот возач Христијан Бузалковски беше повикан од страна на српски тим и понудата секако беше прифатена. Воедно,трката се вози 4 часа, а овој пат ќе имаме директен пренос на каналот Спорт Клуб 3! Во продолжение ја пренесуваме и изјавата на Бузо за мотори.ком.мк

Мото клубот Конзули од Битола својот 8-ми мото собир ќе го организира на 11-ти август со почеток од 17 часот во ноќниот клуб Парадизо во Битола.

Автономното сопирање не е некоја новост во транспортната индустрија. Веќе неколку години автомобилите се опремени со вакви системи. Но во однос на безбедносната технологија, мотоциклите малку заостануваат.

Piaggio објави нова верзија на MP3 со значителни подобрувања на моделот 500 како и целосно нов модел 350.

Само што слушнавме една информација од Harley-Davidson која веруваме дека ќе сакате да ја знаете. Веќе подолг период има гласини дека компанијата со седиште во Милвоки планира да објави нешто поврзано со нејзината иднина.

На новиот модел алгоритмите на KTM, со помош на компјутер ги корегираат грешките на возачот. Само притиснете на сопирачките и мотоциклот ќе застане. Но што доколку возачот го фати паника и премногу силно притисне на предната сопирачка кога е веќе внатре во свиокот? Мотоциклот ќе се исправи и ќе застане.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!