Да возите некого е најдобрата работа што можете да ја направите доколку сте моторциклист.

Да возите некого е најдобрата работа што можете да ја направите доколку сте моторциклист. Еве ги десетте најдобри моторцикли. Што да барате во патнички моторцикл. Прво, помислете на себе,возачот. Бидејќи ќе имате поголем товар, вас ќе ви треба моторцикл кој ќе ви понуди одлична контрола. Удобна позиција за возење,разумна височина на седиштето и добри контроли се исто така пожелни. За патникот, ви треба поголемо седиште и поголемо растојание помеѓу седиштето и патничките шипки. Седиште кое е повисоко од седиштето на возачот. Доколку е иста висина или пониско ќе му смета на нивниот поглед. Исто така размислете и на обликот на седиштето. Денеска има многу моторцикли кои имаат рабови на средина на седиштето. Од очигледни причини, тие можат да бидат ужасно непријатни за женски патници. Што можете да направите за патниците да се чувствуваат повеќе комфорно. Идејата е да го направите возењето со вас повеќе забавно. Често, неискусните патници ќе бидат преплашени од идејата да ја остават зад себе безбедноста и стабилноста на автомобилите, па затоа ваша задача е да направите да се чувствуваат удобно, безбедно и сигурно. Започнете со тоа што ќе мораат да носат соодветна облека. Најмалку што може да носат се фармерки за да не ги изгорат нозете од издувниот вентил и чизми за да не ја свиткаат ногата додека се качуваат и симнуваат од моторциклот. Исто така ќе сакате да имаат кацига и ракавици. Информирајте ги како да бидат добар сопатник и што да очекуваат додека возите. Објаснете им дека не треба да се качуваат или симнуваат од моторциклот се додека не добијат потврда од вас дека сте подготвени. Поради дополнителна тежина на задниот дел,при сопирање дел од тежината ќе се префрли на предниот дел и тоа може да влијае на линијата на движење и на управувањето. Во основа, возете малку побавно и повеќе конзервативно. Доколку вашиот моторцикли има таква опција, прилагодете ја суспензијата за да се справи со дополнителната тежина

BMW R1200GS

bmw-r1200gs
Овој авантуристички моторцикл нуди целодневна удобност за возачот и патникот.Предната суспензија спречува навалување при сопирање. Така нема да го вознемирите сопатникот. Има висока и удобна позиција за возење.

Honda Gold Wing

Honda Goldwing
Единствениот моторцикл на кој сопатникот може безбедно да заспие.На овој моторцикл имате чувство како да седите на Lay-Z-Boy.

Ural Patrol T

2fbt
Patrol T е најприфатливиот модел на Ural благодарение на неговата конфигурација. Возењето на овој моторцикл е уникатно искуство.

Suzuki Hayabusa

2011-Suzuki-Hayabusa-1024x768
Дали вашиот сопатник сака брзо возење.” Busa” е еден од најбрзите моторцикли некогаш произведени а исто така има и големо патничко седиште. Тој е удобен и има одлична контрола.

Honda NC700X

big HondaNC700X20126
Дали сте релативно неискусен возач? Овој модел на Хонда многу лесно се управува без разлика дали имате сопатник или возите сам. Сопатникот има удобно седиште и големи рачки за држење.

Suzuki V-Strom 650

020612-2012-suzuki-v-strom-650-adventure-hero
Одлична контрола на возењето, добри перформанси и прекрасни ABS сопирачки. Мојот пријател Вес еднаш возеше заедно со друго лице низ гужвата во Лос Анџелес и ми кажа дека ова е најдобриот моторцикл што го возел со сопатник до сега.

Moto Guzzi Norge

Moto-guzzi-norge-gt-8v be077
Сакате да возите сопатник без да ја жртвувате забавата? Moto Guzzi е одличен за возење дури иако имате некого покрај вас. Бројот на вртежи и воздушното ладење му даваат класичен мото изглед. Просторот за складирање е огромен и лесно се закачува.

Triumph Tiger 800 XC

Triumph-Tiger-800-33
Одличен мотор,одлично управување и одличен поглед од високото седиште комбинирани со голем простор и големи рачки за управување.

Honda CBR250R

Honda-CBR250R-India
Оваа Хонда многу малку ќе изгуби од брзината дури и ако имате сопатник. Доколку возите некого за прв пат ова би бил одличен моторцикл. Просторот за сопатникот е голем и удобен.

Triumph Bonneville

Triumph-Bonneville-T100-2004-01
Овој моторцикл има подигнато задно седиште, одлична суспензија и полесни тркала.

Back To Top