Со оглед на актуелната доминација на Kawasaki во WSB шампионатот, каде успеаа да освојат четири од последните пет титули, а исто така и доминацијата на Ducati во деведесетите години од минатиот век, лесно можеме да ги заборавиме поранешните шампиони.

Затоа, пред сосема да исчезнат од нашата меморија, ги отворивме книгите со рекорди за да ви прикажеме неколку мотоцикли кои можеби сте заборавиле дека некогаш биле шампионски. Не зборуваме за ретките RC30 или пак Bologna V-twin туку за машини кои и денеска можете да ги најдете на продажба.

1993 Kawasaki ZXR750

Во 1993 година, Скот Расел и тимот на Muzzy Kawasaki ја освои титулата во WSB шампионатот и притоа успеа да го победи Ducati 888. Кратко траеше славата но самиот факт дека Расел, кој беше добар во забавата исто колку што беше добар и во возењето, успеа да ги победи Honda RC30 и Ducati 888 успеа да израдува многумина негови фанови.

zxr750

2000 Honda SP-1

Иако беше изработен од страна на HRC, SP-1 (а подоцна и SP-2) беше одличен начин на кој Honda им се спротистави на Ducati и на организаторите на серијата. Овие модели и понатаму се одлични и голема штета е фактот дека нивната цена од година во година расте.

sp1

2005 Suzuki GSX-R1000 K5

Да бидеме искрени, сигурно многу малку луѓе се сеќаваат дека овој мотоцикл стигнал до шампионската титула. Но токму тоа успеа да го направи во 2005 година Трој Корсер со тимот на Alstare Suzuki Corona. Трој успеа далеку зад себе да го остави доминантниот Ducati 999.

gsxr1000k5

2007 Honda CBR1000RR Fireblade

Уште еден поранешен шампион. Џејмс Тозленд возеше неверојатно на Ten Kate Blade во текот на целата сезона. Но да бидеме искрени, тоа не беше толку брзо колку што изгледаше.

blade

2009 Yamaha YZF-R1

Каква само година за тркање. Бен Спиз успеа убедливо да стигне до титулата со новиот R1. На моменти имаше и среќа но мораме да признаеме дека имаше и огромно знаење. Yamaha оттогаш не успева да го повтори истиот резултат.

r1

2010 Aprilia RSV4

Apрilia успеа да стигне до својата прва од трите титули во серијата со RSV4  во 2010 година, а тогаш за тимот настапуваше Макс Бијаџи. Две години подоцна, Макс стигна до уште една титула, а третата беше дело на Силвиан Гинтоли во 2014 година. Apрilia создаде одличен мотоцикл но за жал оттогаш не успеаа да креираат нешто слично на него.

rsv4 factory

Back To Top