На возачот на „FIXI Crescent Suzuki“ тимот во Светскиот Супербајк шампионат му беше извршена мала операција со цел да му биде изваден штраф од зглобот.

wsbalmeria-testcamier16

На возачот на „FIXI Crescent Suzuki“ тимот во Светскиот Супербајк шампионат му беше извршена мала операција со цел да му биде изваден штраф од зглобот.

Камиер го скрши зглобот на Германската рунда од Супербајк шампионатот во 2010, за време на квалификациите кога доживеа потежок пад. Веднаш потоа му беше извршена реконструктивна операција со која му беше овозможено да се врати на патеките за кусо време, но штрафот почна да му предизвикува проблеми во последниве шест месеци. 

Операцијата ја изврши познатиот Др. Мир, кој впрочем ги оперира и сите познати имиња од мото светот (како Хорхе Лоренцо), а бидејќи се поминало во најдобар ред, Камиер веќе утре ќе биде пуштен на домашно лекување.

Првата трка од Супербајк шампионатот се вози на 24 февруари на патеката Филип Ајленд во Австралија.

Back To Top