Чез Дејвис вели дека неговиот тим Aruba.it Racing Ducati треба да ја прослави првата победа но дека се уште ги очекува многу работа.

Чез Дејвис вели дека неговиот тим Aruba.it Racing Ducati треба да ја прослави првата победа но дека се уште ги очекува многу работа доколку сакаат да ги предизвикаат Kawasaki и Џонатан Реа во борбата за титулата.

Откако го загуби првото место во претпоследниот круг од првата трка во Арагон, Дејвис мораше да започне од десетата позиција на втората трка. Иако на почетокот се мачеше, откако фати ритам успеа да го престигне Реа. Велшкиот возач му ја донесе првата победа на Италијанскиот производител во новата сезона. Дејвис сега сака да го искористи моментот со цел да се подобри мотоциклот и да биде поконкурентен во борбата за титулата.

chaz dejvis

„Целиот викенд беше тежок. Од почеток до крај. Затоа беше добро што постигнавме победа особено по разочарувањето кое го доживеавме вчера. Бевме убедени дека нашиот мотоцикл ќе биде брз на патеката во Арагон но морам да признаам дека воопшто не беше лесно. Мораме да продолжиме да се подобруваме.“

„Денеска имавме мали проблеми на стартот на трката. Исто така и ветрот беше навистина силен. Но и покрај тоа успеавме да завршиме на врвот.“

„Конкурентни сме но тоа не е доволно. Затоа мораме да продолжиме да се подобруваме. Тестот кој ќе го оддржиме утре ќе биде навистина важен за нас, но во моментов, ќе уживаме во победата.“

Тимовите од WSBK шампионатот ќе останат на патеката во Арагон бидејќи ги очекува еднодневен тест.

Back To Top