Сакав да продолжам да возам на трката во Портимао но лековите кои ми ги дадоа беа премногу силни - Том Сајкс

Том Сајкс се надева дека ќе се врати на трката која овој викенд се вози на патеката во Мањикур, Франција.

На минатата трка која се возеше во Портимао, Сајкс имаше голем пад по што се запали неговиот мотоцикл, а Британскиот возач се здоби со неколку посериозни повреди.

SykesCrash

Сепак, откако минатата недела замина на операција за да ги санира повредите, тој сега е решен повторно да се качи на мотоциклот за трката која овој викенд ќе се вози во Франција и да го осигура второто место во генералниот пласман. Веќе речиси сигурно е дека неговиот тимски колега Џонатан Реа ќе биде новиот шампион во серијата.

„Сакав да продолжам да возам на трката во Портимао но лековите кои ми ги дадоа беа премногу силни,“ изјави Светскиот шампион од 2013 година. „Од една страна е голема штета што паднав, но морам да признаам дека имав и среќа бидејќи можев многу посериозно да се повредам. Имав операција и сега мојот тим прави се што може за да бидам подготвен да се натпреварувам овој викенд.“

Back To Top